СпејсЕкс денес треба да го изврши третото лансирање и пробен лет на Старшип. Прозорецот за тестирање од 110 минути се отвора во 13 часот. Преносот во живо е најавено дека треба да започне за отприлика половина час, 30 минути пред лансирањето.
Второто пробно лансирање на Старшип (Starship) имаше повеќе важни достигнувања и обезбеди непроценливи податоци за продолжување на брзиот развој на вселенскиот брод. Третиот пробен лет има за цел да го надгради она што е научено од претходните летови во обид да се постигнат повеќе амбициозни цели, вклучувајќи успешно искачување на двете етапи, отворање и затворање на вратата за товарот на Старшип, демонстрација за пренос на гориво, првото повторeно палење на мотор од типот Raptor во вселената и контролирано повторно навлегување во атмосферата на Старшип, велат од СпејсЕкс.
Вселенскиот брод ќе лета по нова траекторија, а на крајот планирано е контролирано спуштање на Старшип во водите на Индискиот Океан. Оваа нова патека за летање треба да овозможи тестирање на работата на моторот во услови на вселена.
Целиот пренос може да го проследите на твитер, пардон X акаунтот на СпејсЕкс или тука