Веб-прелистувачите се портал помеѓу вас и Интернетот, така што тие треба да имаат одбранбени механизми кои можат да ги спречат хакерите да се “вселат” во вашиот компјутер или мрежа. Оттаму сосема логично е што Google сака да го направи Chrome уште побезбеден. Со претстојното ажурирање, Google Chrome ќе може да детектира и да блокира обиди за хакирање чијашто цел е креирање на упориште во домашната мрежа како место од каде што потоа ќе се тргне кон инфицирање на други уреди.
Ажурирањето на веб-прелистувачот на Google ќе донесе нова функција која ќе врши брза проверка пред да му овозможи на веб-сајтот пристап до други уреди во мрежата. Ако веб-сајтот се обиде да се поврзе со друг уред во вашата домашна мрежа, Chrome ќе провери дали барањето е од безбеден извор и дали целниот уред дозволува врски од тиј тип. Ова треба да ги спречи хакерите да пристапат до уредите во вашата домашна мрежа преку одреден веб-сајт.
Но, оваа функција може да блокира и легитимни, посакувани врски со специфична намена. За да го надмине овој проблем, од Google велат дека технологијата најнапред ќе го тестира пристапот, на тој начин што на почетокот новата функција само ќе ги предупредува корисниците, посочувајќи ги овие врски, пред да почне автоматски да ги блокира.
Откако ќе се отстранат сите грешки и откако програмерите ќе ги прилагодат своите апликации за да работат со новата технологија, Google најверојатно ќе започне автоматски да ги блокира овие врски. Дотогаш, бидете внимателни и користете добар антивирус.