Рубрика: Аеронаутика
Дали остатоците од авион пронајдени во Пацификот припаѓаат на Амелија Ерхарт?
Објавено на 01.02.2024 - 12:45

Мистеријата стара 87 години можеби е решена. Истражувачкиот тим Deep Sea Vision од Јужна Каролина, САД, тврди дека ги идентификувал остатоците од еден од најпознатите авиони во историјата на американската авијација: оној со којшто Амелија Ерхарт ненадејно исчезна на 2 јули 1937 година над Тихиот океан, заедно со нејзиниот навигатор Фред Нунан, при обидот да стане првата жена која со авион прелетала околу светот .

Тимот Deep Sea Vision во периодот од септември до декември 2023 година со помош на дрон пребарал повеќе од 5200 квадратни километри од Тихиот Океан. Среќата им се насмевнала на 27 јануари, кога истражувачкиот тим на нивната Инстаграм сметка сподели слики од сонар од нешто кое „се чини дека е авионот Lockheed 10-E Electra на Ерхарт“. Остатоците се забележани на длабочина од речиси 5000 метри, на помалку од 160 километри од островот Хауланд, сместен помеѓу Австралија и Хаваите. Познато е дека Амелија и Нунан се обидувале да стигнат до островот за да наполнат гориво.

Сликата објавена од тимот Deep Sea Vision на нивниот инстаграм профил

На сликите е видлива матна маса која може да изгледа како авион. Поранешниот разузнавач на воздухопловните сили на САД, Тони Ромео, кој го финансира истражувањето на морското дно, инсистира на нови, уште поостри слики, кои ќе можат со сигурност да докажат дека потонатиот брод е всушност истиот што ѝ припаѓал на Амелија Ерхарт.

Досега имаше многу обиди за решавање на мистеријата околу нејзиното исчезнување, почнувајќи од потрагата која отпочна непосредно по настанот и која траеше, залудно, речиси две години, по што славната авијатичарка беше прогласена за мртва. Во следните години се изродија мноштво претпоставки, некои од нив дури надреални, но најпопуларно мислење беше дека авионот се урнал во океанските води додека Ерхарт и Нулан се обидувале да стигнат до островот Хауланд во потрага по гориво или додека се обидувале да слетаат на друг поблизок остров каде што потоа умреле.

Во 2018 година, експедицискиот тим на Меѓународната група за пронаоѓање на историски авиони (International Group for Historic Aircraft Recovery) покажа слика направена со сонар на која се гледа објект што наликува на авион на дното на Пацификот. Но, како што се набргу се покажа, остатоците тоа не беше авионот со кој Ерхарт во 1932 година прва прелета преку Атлантскиот Океан и со којшто подоцна исчезна во водите на Тихиот океан во обид да изведе уште еден величествен подвиг? Но, можеби овој пат пронајдениот објект е она вистинското и мистеријата конечно ќе биде решена.

Клучни зборови:
Сликата објавена од тимот Deep Sea Vision на нивниот инстаграм профил

Сликата објавена од тимот Deep Sea Vision на нивниот инстаграм профил