Претставниците на земјите-членки на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор за правилата за користење на вештачката интелигенција, објави европскиот комесар за внатрешни пазари, Тиери Бретон.
Како што пренесе Ројтерс, договорот за правилата за вештачка интелигенција (ВИ) беше постигнат во Брисел по речиси 15 часа преговори и дебата која траеше неполни 24 часа.
„Европа се позиционираше како пионер, разбирајќи ја важноста на нејзината улога во поставувањето глобални стандарди. Ова, верувам, е историски ден“, изјави европскиот комесар за внатрешни пазари Тиери Бретон.
Објавата на Тиери Бретон на X
Договорот бара моделите како ChatGPT и системите за општа намена (GPAI) да се усогласат со обврските за транспарентност пред да бидат понудени на пазарот.
Ова значи создавање техничка документација, во согласност со регулативите за авторски права на ЕУ, како и обезбедување детални информации за содржините што се користат за обука за вештачката интелигенција.
Договорот се однесува и на правилата за употреба на ВИ во биометрискиот надзор.