Рубрика: Фототехника
Завршна изложба на фотографии од фестивалот Зрно
Објавено на 06.11.2023 - 17:45

Во среда, 8 ноември, во Културно Информативниот Центар – Скопје, во продажниот салон ќе се отвори завршната изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија кои се одржаа во јули, во село Цапари, во организација на единствениот Зрно-фестивал.

Зрно ја негува фотографијата на автентичен начин, невиден до сега на овие простори и за само две години се етаблира во светот како единствен настан од ваков вид. Годинава успеа да обедини триесетина фотографи и љубители на фотографијата од цела Европа и да ги донесе во прекрасната природа под Пелистер, во преубав простор каде што редовно се одржува уметничкта колонија Де Ниро.

Оваа година на Зрно имаше седум работилници на кои се експериментираше, се споделуваше страст, се печеше леб, се споделуваше хемија и љубов и се градеше креативен однос кон фотографијата.

Во периодот од 10 до 16ти јули се одржаа следниве работилници:

• Работилница за мокар колодиум, под водство на Предраг Узелац, Нови Сад;
• Работилница за креативни игри со полароиди под водство на Мартина Павлоска, Милано, Италија;
• Работилница за лумен принтови, под водство на Јелена Белиќ, Скопје;
• Работилница за Морденсаж техника, под водство на Сашо Алушевски, Скопје;
• Работилница за сендвич принтови, под водство на Стефан Стефановски, Нови Сад;
• Работилница за класична аналогна фотографија под водство на Ивана Томановиќ, Нови Сад;
• Работилница за цијанотипија, под водство на Дамиан Диаконеску, Темишвар, Романија.

На изложбата ќе бидат претставени автентични, оригинални, уникатни дела од учесниците на работилнците. Некои од фотографските техники никогаш претходно не биле изучувани и/или изложени кај нас.

Зрно не е обичен фестивал, Зрно е страст, игра, живот! Зрно е единствено доживување!

 

--- промотивен напис ---


 

Повеќе за фестивалот на алтернативна фотографија Зрно може да прочитате во

Заврши второто издание на Зрно – меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија

Зрно – фестивалот на алтернативна фотографија со ново издание

Клучни зборови: