Не стивнуваат реакциите од стручната фела во врска со контроверзниот избор на владата за изградба на ПАХЕ Чебрен. По минатонеделниот протест на инженерите вчера, во малата сала на Домот на култура во Битола, инженерите дискутираа за проектот „Чебрен“ и ги потенцираа фактите што власта упорно не ги кажува, а од кои е неоспорна неповолноста и скапата цена што сите ние ќе треба да ја плаќаме. Целата дискусија може да ја проследите на видеото во прилог.
За техничките детали во врска со проектот “Чебрен“, како и за долготрајната и непоправлива штета што Македонија ќе ја претрпи од начинот на којшто се планира да се реализира овој проект пишувавме во повеќе наврати. За дополнителни информации прочитајте ги следните статии:
ПАХЕ „Чебрен“ е потреба, но дали под овие услови?,
За енергетскиот суверенитет на Македонија,
Што добиваме или губиме со изградбата на ПАХЕ Чебрен,
Зошто цената на изградбата на ПАХЕ Чебрен е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ,
За потребата од ПАХЕ „Чебрен“ (1),
За потребата од ПАХЕ „Чебрен“ (2).