Сите што како мали си играле со LEGO коцки знаат дека од нив може да се направи сè. Но, сега еден тим научници ја подигна мултифункционалноста на LEGO коцките на сосема ново ниво. Со користење на речиси исклучиво LEGO коцки направен е евтин функционален модел на 3Д биопечатач способен за печатење примероци од човечко ткиво. Биопринтерот го надминува проблемот со ограничената понуда на биотекстили кои се мошне важни во научните експерименти и за медицинските истражувања.
Мултидисциплинарниот тим од биолози и инженери од Универзитетот во Кардиф (Велс), во Обединетото Кралство, кои го дизајнираа, механизираа, изградија и програмираа биопечатачот, беа поттикнати од мошне високата цена на инструментите од овој тип. Имено, биопечатачите – 3Д печатачите на органски ткива, се релативно нов изум и нивната набавка и одржување чинат десетици илјади, ако не и стотици илјади евра. А сепак, како што споменавме, овој тип хардвер е неопходен за да се компензира недостигот на ткива врз кои ќе се вршат биолошки испитувања или медицински експерименти, нешто што до неодамна беше возможно само со примена на ‘остатоците’ од хируршките процедури.
Тимот од велшки универзит успеа да создаде совршено функционален 3Д биопринтер модел, за сѐ н сѐ 500 британски фунти. Биопринтерот е направен со користење на стандардни лего коцки и делови од роботската подмарка Lego Mindstorms, а во конструкцијата од коцки е вградена лабораториска пумпа, уред кој најчесто се наоѓа во истражувачките лаборатории.
Како работи? Млазницата од 3Д печатачот во лабораториски сад исфрла биоинк, супстанција налик на гел исполнета со клетки. Во срцето на печатачот се наоѓа мини-компјутер од сетот Lego Mindstorms кој го движи уредот напред-назад, од една на друга страна, притоа овозможувајќи млазницата да се движи нагоре или надолу. Овие синхронизирани движења успеваат, слој по слој, создаваат биотекстил со карактеристики неопходни за различните видови на експерименти каде треба да се применат.
Согласно со една од најдобрите традиции при примена на лего комплетите, научниците ги ставија на располагање деталните упатства за градба на биопечатачот за која било друга лабораторија во светот, приложувајќи ги на нивната публикација (види тука).