Голем успех на Македонската репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада 2023. Освен што нашите математичари се враќаат со златен медал од 27-мата Јуниорска Балканска математичка олимпијада, што само по себе е огромен успех, тие израдуваа со уште еден детаљ – Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени! Дополнителна радосна вест е што и една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Златниот медал за Македонија го освои Дамјан Давков. Покрај златниот медал, освоени се и еден сребрен медал, од Ивано Божиновски, и еден бронзен медал, од Андрија Младеновиќ. На ЈБМО 2023 државата успешно ја претставија уште Никола Стојковски, Јаков Геговски и Андреј Тасиќ.
Во подготивките на тимот учествуваа и Анастасија Трајанова, Илија Јовчески, Лука Хаџи Јорданов, проф. д-р Мирко Петрушевски, Виктор Симјаноски и претседателот на комисијата за ЈММО и меѓународни натпревари до 15,5 години проф. д-р Делчо Лешковски.
Тимот искажува благодарност и до спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките.
Во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе имаат можност да ги видат и добијат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски – Цане.