Рекреативниот центар Егзмут (Exmouth Leisure Centre), во југозападниот дел на Англија, користи мошне интересна иновација што му помага да ги намали сметките за греење на нивниот затворен базен. Имено, рекреативниот центар ја користи топлината што ја емитуваат серверите од малиот податочен центар сместен на оваа локација како извор за греење на водата во базенот.
Овој интересен алтернативен извор на топлинска енергија е иновативно симбиотско решение од кое корист има и податочниот центар, со оглед на тоа што заладење на компјутерскиот центар се троши помалку електрична енергија. Податочниот центар е сместен во бродски контејнер за превоз на стока и користи систем со “топловодно” ладење што ја впива топлината ослободена од серверите и потоа ја ослободува во базенот.
Вишокот топлина од компјутерите се впива во минералното масло што потоа се упатува во разменувач на топлина
Се проценува дека овој систем на греење на водата во затворениот базен на Рекреативниот центар ќе му донесе заштеда од околу 20 000 британски фунти (односно 25 000 американски долари) на годишно ниво.
Проектот за ваков алтернативен извор на греење произлегува од соработката со компанијата Дип Грин (Deep Green) од Обединетото Кралство
Извор: TechXplore