Затворете ги очите и размислете која фотографија би можела да биде најпозната на светот. Можеби прва на памет ќе ви дојде сликата од „Битлси“ како го преминуваат „Аби Роуд“ или фотографијата од единаесетте работници на пауза ручек седнати врз греда што виси 250 метри над Њујорк или, пак, ќе помислите на изразито длабоките сини очи на девојката од Авганистан или силуетата на осамениот студент кој ги предизвикува тенковите на плоштадот Тјенанмен. Но, колку и да се познати овие легендарни фотографии, сепак ниту една од нив не го зазема тронот резервиран за највидена и препознатилива фотографија на светот.
Највидената фотографија досега, која се проценува дека ја виделе повеќе од милијарда луѓе, претставува зелен рид, над кој доминира синото небо со неколку облаци. Станува збор за традиционалната десктоп позадина на Windows XP, фотогафијата наречена Bliss која на почетокот од овој век одеднаш се појави на милиони компјутери како почетен декстоп екран на тогашниот нов оперативен систем на Мајкрософт.
Tрадиционалната позадина на работната површина на Windows XP, наречена Bliss
Фотографијата ја направил Чарлс „Чак“ О'Рир, фотограф на National Geographic, кој налетал на овој релаксирачки пејзаж во петок попладне во јануари 1996 година додека бил на пат да ја посети својата девојка. Застанувајќи да направи пауза во ридовите на долината Напа, Чак забележал совршена светлина која го осветлила просторот по олујното време. Направил повеќе кадри со фотоапаратот што тогаш го користел – аналоген Fuji Film, опремен со објектив RZ67. Овие детали ни се познати затоа што фотографот, кој сè уште живее во тој дел на Калифорнија, многупати досега ги спомнал во бројните интервјуа во кои зборува за познатата снимка.
Задоволен од резултатот О'Рир првично ја продал сликата како архивска фотографија на Корбис, компанија за лиценцирање основана од Бил Гејтс во 1989 година. Неколку години подоцна, сепак, тој бил контактиран од самиот Мајкрософт, од каде сакале да ја набават и оригиналната верзија на фотографијата откако ја избале нејзината дигитална верзија како позадина за оперативниот систем „Windows XP“, а сè со цел да ги добијат сите права за користење на оваа фотографија. Испораката на оригиналот, исто така, послужила како доказ дека таа совршена снимка не била дигитално обработена, туку е резултат на одличниот тајминг и вештините на авторот.
Колку точно добил фотографот за оваа работа од 5 минути во едно зимско попладне и сосема случајно досега не откриле ниту О’Рир ниту Мајкрософт Мајкрософт, иако се знае дека понудата била во вид на доволно добра сума така што тој лично им го однел оригиналниот негатив и кеширајќи преку 100 000 американски долари.
Ридовите на долината Напа во Сонома, Калифорнија, денес
Денес целиот овој пејзаж изгледа сосема поинаку од тогаш. Имено, во 1990 година лозјата што го покривале ридот биле нападнати од филоксера (паразит на лозата), па производителите решија да ги искорнат сите заболени растенија. За кратко време местото било прекриено со густа зелена вегетација, но по 1996 година, откако проблемот со болеста бил решен, лозовите насади повторно биле засадени на ова место. Дали сте љубопитни да видите како денес изгледа старата позадина за Windows? Сè што треба да направите е да отидете во Google Maps, Street View и да ја внесете адресата од сликата, или следете го следниов линк.