Познатата писателка, научник и универзитетски професор Билјана Перчинкова деновиве пријатно не изненади со своја сублимирана претстава за современите (и не само современите) состојби во светот на физиката. Тежиштето на најновото видео на YouTube каналот на Перчинкова е проблематиката на квантната физика, нешто што самото по себе фасцинира особено кај оние коишто малку се навлезени во овие интересни орбити.
Еве како самиот автор ја најавува својата видео-презентација:
“Ова видео ги разработува интерпретациите и правци на развој на современата наука, посебно на квантната физика. Таа е фасцинантна! Оваа проблематика опширно ја разработувам во моите две книги објавени на Amazon „Book of Self; Scientific and Philosophic Basis of Consciousness“ на http://www.amazon.com/dp/B09NCS16CC и „102 Hours with Charles Berner; Small Amount the Heart Has Managed to Remember“ на http://www.amazon.com/dp/B07L3W3GLY како и во повеќе видеа објавени на YouTube.
Секогаш имаше инспиративни дискусии од страна на студентите во врска со овие прашања (на Електротехничкиот Факултет, на Штуловиот Универзитет, на МИТ и на Европскиот). Спонтано некој го заземаше ставот на Бор во овие дискусии, а некој на Ајнштајн. И денес се сеќавам кој беше Ајнштајн, кој Бор, а кој свој сопствен гение.
Ајнштајн рече: „Креативноста е заразна – ширете ја!“ Големите научници ширеа креативност, а не ковид.
(Англиската верзија на ова видео, како и неговото продолжение е во подготовка.)
Љубов и светлина.“