Новата ракета на Јапонската вселенска агенција JAXA имаше неуспешнo прво пробно лансирање. Имено, издавајќи команда за уништување откако активирањето на вториот степен беше неуспешно. Иако мисијата започна моќно, на 5 минути и 27 секунди по лансирањето, беше испратена команда ракетата да се одвои и да започне палењето на моторите на вториот степен. Меѓутоа, во овој момент брзината на ракетата-носач H3 веќе беше во опаѓаање и се претпоставуваше дека причина за ова е грешка во активацијата на вториот степен.
Набргу потоа беше испратена командата за уништување на ракетата, која потоа спектакуларно експлодира во воздух. Експлозијата ја уништи не само ракетата-носач, туку и сателитот кој таа го носеше за пренос до орбита. Се работеше за оптички сателит, со ознака ALOS-3 (Advanced Land Observing Satellite-3) којшто требаше да испорача сателитски снимки со висока резолуција за JAXA.
Ова беше втор обид на JAXA за лансирање на вселенското летало, откако при првиот обид во февруари лансирањето беше прекинато поради проблем со електричниот систем.