Меѓународен истражувачки тим открил претходно непозната комора во Кеопсовата пирамида во Гиза. Уште во 2016 година, мерењата дадоа причина да се претпостави постоењето на скриена шуплина во близина на камените блокови поставени над влезот. Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен (ТУМ) се послужиле со ултразвук и ендоскопија за да придонесат кон потврдување на оваа претпоставка. Статусот на египетската пирамида како една од најдобро истражените структури во светот му дава особена важност на ова откритие.
Кеопсовата пирамида се смета за најголема и најстара од пирамидите во Гиза. Како едно од седумте чуда на античкиот свет, овој објект бил темелно истражуван; Сепак, структурата сè уште крие многу неоткриени тајни. Истражувачите на ТУМ сега решија уште една од мистериите на пирамидата.
Ендоскопска фотографија на внатрешноста на новооткриената комора/коридор во внатрешноста на Кеопсовата пирамида, направен од тимот на Техничкиот универзитет во Минхен
Како дел од меѓународниот истражувачки тим "ScanPyramids", научниците од Минхен го докажаа постоењето на празна комора која досега се претпоставуваше дека постои само врз основа на мерните податоци. Шуплината се наоѓа над оригиналниот влез во пирамидата, којшто не е достапен за пошироката јавност.
Во 2016 година, неколку мерења од јапонски и француски истражувачи обезбедија доказ за постоењето на комората. Групата од ТУМ била вклучена во истражувањата од 2019 година, помагајќи во “пребарувањето” на пирамидата за скриени структури. Тие користат различни не-деструктивни методи за тестирање кои овозможуваат поглед низ камените блокови и во просторот зад нив.
Првичните уреди за мерење обезбедиле добра првична проценка за ситуацијата. Научниците потоа користеле ендоскопија за да ја потврдат претпоставката. Тимот нашол отвор помеѓу камењата од шевронот (камен свод со триаголна форма – означен со (h) на фотографијата подолу), низ која тие добиле можност да протнат цевка во комората. Тие потоа ја искористиле оваа цевка за протнување на ендоскопска камера. Камерата го потврдила постоењето на празниот простор.
Пресек на Големата пирамида во правец исток-запад и фронтален поглед на Северната страна (а) подземна комора, (b) комора на кралицата, (c) голема галерија, (d) комора на кралот, (е) надолен на коридор, (f) нагорен коридор (g) al-ma'mun коридор, (h) просторот на Северната страна, кај шевронот (триаголниот камен свод), (i) Големата Празнина откриена со ScanPyramids истражувањата - при хоризонтална хипотеза (црвено шрафирање) и при наклонета хипотеза (зелено шрафирање) за насоката на простирањето. Слика: Nature Communications (2023). DOI: 10.1038/s41467-023-36351-0
Комората е поголема отколку што истражувачите претпоставуваа во минатото. Оригиналните мерни податоци укажувале на постоење на коридор долг најмалку пет метри. Сепак, според првичните проценки, должината на комората значително ја надминува оваа должина – новоизмерената должина е 9 метри со пресек 2 на 2 метри. Во рамки на комората нема отпечатоци од стапала или други докази за човечка активност. Истражувачката група затоа претпоставува дека оваа просторија не ја видел никој во последните речиси 4500 години.
Одредувањето на поранешната намена на новооткриената комора и она што се наоѓа зад задниот ѕид на собата ќе бара дополнителни истражувања. Потврдените наоди ја потенцираа потребата за понатамошно истражување на египетските пирамиди а особено значењето на новиот пристап со користење на комбинација од разни технологии и процедури за тестирање.
Пресек на Големата пирамида во правец исток-запад и фронтален поглед на Северната страна (а) подземна комора, (b) комора на кралицата, (c) голема галерија, (d) комора на кралот, (е) надолен на коридор, (f) нагорен коридор (g) al-ma'mun коридор, (h) просторот на Северната страна, кај шевронот (триаголниот камен свод), (i) Големата Празнина откриена со ScanPyramids истражувањата - при хоризонтална хипотеза (црвено шрафирање) и при наклонета хипотеза (зелено шрафирање) за насоката на простирањето