Рубрика: Информатика
Инспиративни панели со најуспешните жени во ИТ
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 01.03.2023 - 13:00

По повод 8 Март, Mеѓународниот ден на жената, Women in Tech Macedonia и Data Masters организираат серија на панели кои имаат за цел да ги инспирираат и мотивираат жените во нашата ИТ заедница. Планирани се три панела, на кои некои од најистакнатите членки на ИТ заедницата во Македонија ќе ги споделат своите лични искуства на различни теми.

Првиот панел, закажан за 1-ви март со почеток во 18 часот, е посветен на темата мотивација. Панелистките ќе разговараат за сите фактори кои ги мотивираат и поттикнуваат во нивната кариера, но и надвор од професионалните води. На овој панел ќе учествуваат:

• Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на  Macedonia2025
• Верица Јорданова, соосновач и уредник на Inovativnost
• Олимпија Х. Заевска, основач на Elson Solutions
• Елена Димовска, раководител за корпоративни комуникации во A1 Македонија
• Ивона Ќимова Костоска, главен оперативен офицер во CodeUp.rocks

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: What motivates you?“: http://bit.ly/3Ep6PVZ

 

На панелот закажан за 6-ти март во 18 часот ќе разговараат:

• Мартина Наумовска, партнер и раководител на Data Science секторот во Data Masters
• Елена Иванова, директор на Impact Foundation
• Tеодора Филовска, сопственик на Galeksia
• Ивана Дојчиновска-Стојановиќ, консултант за менаџирање со човечки ресуси и кариерен советник
• Драгица Додевска, менаџер за операции во Sopro

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: Who inspired you?“: http://bit.ly/3IHAXNN

 

Третиот и последен панел, закажан за 7 март во 18 часот, исто така на Zoom, отвора една мошне актуелна и значајна тема за жените – менталното здравје. Панел дискусијата ќе се фокусира на повеќе теми поврзани со менталното здравје, важноста на грижата за него и како компаниите се грижат за менталното здравје на вработените. На овој панел ќе зборуваат:

Ана Салтирова Давидовски, менаџер за човечки ресурси во Data Masters
• Фросина Денкова Зафировска, chief people and talent officer во ITlabs
• Илина Мојсовска, Talent Partner во CodeChem
• Весна Димовска Симјановска, психолог и менаџер за човечки ресурси
• Илина Стојановски, партнер и people officer во LeanSEM

Линк за регистрација и приклучување на „Women4women: Mental Health Care”: http://bit.ly/3XRi2FE

 

Модератори на настаните ќе бидат Бојана Петровска, МојПсихолог и Моника Ризовска Таневска, амбасадор на Women in Tech Macedonia.

Приклучете се на дискусијата и бидете дел од еден поинаков настан кој ги поддржува жените во ИТ индустријата!  - Let's inspire one another!

 

Women in Tech Macedonia е меѓународна непрофитна организација фокусирана на зголемување на бројот на жени во „STEM“ кариерни области. Организацијата се фокусира на четири области за кои е потребен поголем ангажман: едукација, претприемништво, настани и истражување. Покрај зголемувањето на бројот на жените кои работат во технологијата, Women in Tech работи и на зголемување на пристапноста на едукацијата и на овие занимања за жените. Сите кои сакаат да се приклучат во Women in tech Macedonia, како ментор или член може да ги заследат профилите на Facebook и LinkedIn за информации за следните настани и да се приклучат кон Women in tech Macedonia заедницата тука.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: