Varta најави дека ќе го претстави своето портфолио на производи на саемот за печатена електроника LOPEC 2023, што ќе се одржи од 1-ви до 2-ри март оваа година во Минхен. Посебен фокус оваа година е даден на иновативниот проект во областа на печатените батерии, кој треба обезбеди енергија во голем број идни апликации.
Печатената електроника е една од клучните технологии на 21. век и нуди интересни изгледи за иднината на технологијата на батерии. Varta започна со истражување и развој на производи во оваа област рано, произведувајќи тенки печатени батерии кои се карактеризираат со висок капацитет на пулс. Батериите се очекува да најдат широка примена во областите што бележат подем и што допрва ќе се развиваат – паметно домување (Smart Living), паметни медицински помагала и лекови (Smart Medicals), паметна спортска опрема (Smart Sports), како и во транспорт 4.0 (Logistics 4.0)
Од Варта велат дека „печатените батерии ќе играат важна улога во иднина, особено во доменот на Интернет на нештата и неговите апликации. Во фокусот се одржливоста и безбедносните аспекти кои се решени или подобрени со ова. Ова се однесува, на пример, за паметните етикети, кои можат да собираат важни податоци од робата што е во транзит, само со користење на печатена батерија и комуникација преку LTE. Ова заштедува време и пари. Областа на примена на овие етикети се движи од транспорт на роба и воздушен товар до глобална испорака“.
Во својот говор, Рајнер Халд, извршен директор во Варта, ќе зборува за иновациите во областа на печатените батерии и ќе даде преглед на можностите за нивна примена. Презентацијата ќе се одржи во четврток, 2 март 2023 година во 10:15 часот, во Меѓународниот конгресен центар на Минхен Месе.
Покрај печатените батерии, Varta ќе прикаже и неколку вида батерии од типот "копче" со можност за полнење , изработени од никел метал хидрид, од сребрен оксид, од литиум, како и цилиндрични литиумски батерии и ќелии за производство на водороден гас и примарни Varta Alkaline IndustrialPRO батерии.