Откритието на нови дванаесет месечини беше објавено неодамна од страна на Меѓународната астрономска унија, а вкупниот број на месечини во орбита околу масивната планета се искачи на 92. Со ова Јупитер изби пред Сатурн во навидум непрекинатата борба за титулата на Планета со најмногу месечини во Сончевиот систем.
Меѓу новооткриените месечини помалку од половина се со пречник од најмалку осум километри, а девет од нив се помеѓу месечините со најдалечни орбити. Имено, потребна им е речиси една “земска” година за овие мечини да свртат круг околу нивната матична планета.
Добар дел од малите месечини најверојатно се формирале при судири помеѓу многу поголеми објекти. Се верува дека и месечината на Земјата е еден таков пример – една од општоприфатените хипотези е дека судирот помеѓу нашата планета и друг голем објект веројатно избил материјален остаток во околината со чиешто соединување се оформил нашиот лунарен сосед.
Сликата ги прикажува позициите на четирите галилееви месечини, најголемите во орбита околу Јупитер, како што тие изгледале ноќта на 27 септември 2022 година, кога оваа планета беше најблиску до нас во последните 60 години.
Но и Сатурн не се предава во трката за планета со најмногу месечини. Набљудувањата објавени од Центарот за мали планети можеби ќе се први од многуте, забележува Скот Шепард од Научниот институт Карнеги, којшто има открено мноштво објекти во Сончевиот систем. А овие откритија може да придонесата за истиснување на Јупитер од првото место.
Сатурн во моментов поседува 83 потврдени природни сателити, но има и значителен број објекти во неговата близина кои допрва треба да бидат официјално да бидат забележани. Едно истражување објавено во 2021 година идентификува дури 120 објекти за кои се верува дека се „неправилни месечини“, со пречник од околу три километри, кои се движат околу планетата.
Доколку со нивно следеање овие објекти бидат и формално потврдени како месечини, тие ќе и ја вратат титулата ‘во рацете’ на Сатурн, втората по големина планета во сончевиот систем.