Голем број гастроентеролози сè уште препорачуваат скрининг за рак на дебелото црево почнувајќи од 45-годишна возраст. Но, првата рандомизирана студија за успешноста на колоноскопијата во откривањето на болеста може да нè натера да се замислиме дали непотребно ја поднесуваме оваа непријатната процедура. Имено, истражувањето укажува на тоа дека успехот во откривање рак на дебелото црево со редовна колоноскопијата е можеби малку преценет...
Истражувањето во кое биле вклучени повеќе од 84 500 мажи и жени од Полска, Норвешка и Шведска открило само 18% ризик од развој на рак на дебелото црево по 10 години кај оние кои по случаен избор биле поканети да ги прегледаат нивните црева со камера. Притоа само 42% од возрасните, на возраст од 55 години до 64, кои биле поканети да се подложат на колоноскопија всушност ја направиле процедурата, велат истражувачите. Овие резултати, објавени во New England Journal of Medicine во октомври, го изненадија дури и главниот истражувач на студијата.
Втората анализа ги споредила резултатите од оние кои направиле колоноскопија со контролната група – пациентите со колоноскопија имале 31% помал ризик од развој на рак на дебелото црево, вели Мајкл Бретауер, водечки истражувач и професор по медицина на Универзитетот во Осло во Норвешка. Според него овие резултати се далеку од очекуваното.
За време на неговиот петгодишен престој во САД Бретауер ја слушнал конвенционалната мудрост дека оние кои правеле колоноскопија редовно го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево за 80%. Сепак, тој и неговите колеги сега открија дека подложувањето на оваа (непријатна) дијагностика не го намалува значително ризикот за смрт од рак. Кога ќе се споредат понатамошните резултати на оние кои се одлучиле за колоноскопија со контролната група, се покажало дека колоноскопијата ја намалила смртноста од рак за околу половина.
Но, како што укажуваат лекарите дијагностичари, ефикасноста на колоноскопијата зависи од искуството, вештината и опремата што се користи. Исто така, несоодветната подготовка на дебелото црево може да ја попречи способноста на лекарот да види некои многу рамни полипи во дебелото црево.
Бидејќи скринингот за рак на дебелото црево со колоноскопија не е стандарден во добар дел од Европа, како што тоа е на пример во САД, дел од истражувачите се прашуваат дали квалитетот на нивните колоноскопии влијаел врз резултатите од студијата .
Па така во едиторијалот што го придружува истражувањето, Националниот програмски директор за гастроентерологија при одделот за ветерани Џејсон Доминиц, пишува: „Лекарите-ендоскопи со повисока стапка на откривање аденом [тип на предканцерозен полип] им нудат на своите пациенти поголема заштита од ризиците од колоректален карцином и смрт поврзана со оваа состојба отколку оние кои откриле помалку предканцерозни полипи“. Во нордиската студија, стапката на детекција на аденом (ADR) била во просек 31%, додека лекарите што биле вклучени имале стапка на откривање на ADR под минималниот праг од 25 проценти. Па оттаму тој ги советува пациентите да го прашаат својот гастроентеролог колкава е неговата стапка на откривање на аденом. Според него најмалата прифатлива стапка би требала да е 25% имајќи предвид дека просекот во САД е 40%.
Ракот на дебелото црево е поврзан со фактори на нездрав начин на живот – дебелина, употреба на алкохол и тутун.