Овој месец, на 3 и 4 ноември, во фоајето на киното Синеплекс во Скопје, ќе се одржи Саемот на креативни индустрии, под покровителство на Министерството за култура, а организиран од страна на здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс. Во рамките на креативни индустрии влегуваат музеите, библиотеките и галериите, маркетингот и рекламирањето, дизајнот на производи, модниот и графичкиот дизајн, архитектурата, занаетите, телевизијата, видеоизразот, фотографијата, филмот и радиото, издаваштвото, креирањето софтвер и компјутерските услуги, музиката, перформансите и визуелните уметности.
Во двата саемски дена во Скопје ќе изложуваат 40-тина компании, асоцијации, институции и поединци.
На првиот ден од саемот, околу 10 часот, планиерано е воведно обраќање на Елена Бојаџиева Цветковска, претседател на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ), Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура, и Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.
Потоа од учесниците ќе имаат свои презентации, ќе бидат преставени успешни приказни и пракси од странските учесници, а на крај од овој работен дел од отворањето е планирана панел дискусија на тема “Претприемништво во креативните индустрии: влијание врз економијата”. Првиот ден од саемот ќе се заврши со филмска проекција.
Вториот ден од саемот започнува во 10 часот, кога е планирана презентација на Здружението на креативните индустрии (АКИ) при Стопанската комора на Македонија, по што ќе следуваат презентации на Национална платформа за женско претприемништво и на учесниците од регионов. Денот ќе се заврши со сесија на работилница: Креативните индустрии и потенцијалот на женското претприемништво – можност за развој на бизнис идеја (онлајн)
Работното време е од 10 до 19 часот.
Вториот дел на саемот е планирано да се одржи во Битола на 23 ноември во Офицерскиот дом и киното „Манаки”.