Рубрика: Медицина
SARS-CoV -2 ја попречува транскрипцијата на ДНК врзана со имуниот одговор
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 10.10.2022 - 14:15

Уметнички приказ на рецепторска мимикрија.

Тим истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија, кои работат со колега од Медицинската филијала на Универзитетот во Тексас и уште еден колега од Универзитетот во Бостон и Медицинскиот центар во Бостон, откриле дека вирусот SARS-CoV-2 создава протеин кој го имитира протеинот што ја пакува ДНК, спречувајќи ја транскрипцијата што вообичаено би играла улога во имунолошкиот одговор.

Во нивниот труд објавен деновиве во Nature, групата опишува како ги споредиле протеините што ја пакуваат човечката ДНК со протеините произведени од вирусот SARS-CoV-2 и на што укажувале резултатите добиени при оваа споредба. Во секцијата Вести и погледи од истото издание на Nature, Лиза Томан и Фолкер Тил од Институтот за вирусологија и имунологија, пак, објавија засебен кус напис во којшто ја опишуваат работата направена од тимот во ова ново истражување.

Иако пандемијата почна да попушта и да се смирува, медицинските истражувачи ширум светот продолжија со проучување на вирусот што стои зад неа, а една од областите на коишто се фокусираа е неговата извонредна способност да го потисне имуниот одговорот на клетките домаќини кај заразените. Во ова ново истражување, подетално биле разгледани односите помеѓу протеините што ја пакуваат ДНК во човечките клетки и протеините произведени од вирусот SARS-CoV-2.

ORF8 се поврзува со хроматин. а), ORF8 содржи ARKS мотив на амино киселина 50 што одговара на опашката на хистон H3. b) HEK293T клетки обоени со ламин А/Ц трансфектирани за да се изрази Strep-ORF8. c) ORF8 и ламин A/C боење на инфицирани A549ACE2 клетки на MOI = 1, 48 h по инфекцијата. d) Секвенцијална солна екстракција на HEK293T клетки кои изразуваат ORF8 или ORF8ΔARKSAP. e) генските траки за ORF8 Chip-seq нормализирани до влезни контроли. f) Насочена масена спектрометрија на ORF8 дигестиран со трипсин што покажува дека ORF8 е ацетилиран на лизин 52. Непроменетиот пептид или прекурсор на 879,9508 m/z со 2+ полнеж беше изолиран и фрагментиран. Спектрите на тандемската масена спектрометрија покажуваат нефрагментиран прекурсор (зелен) со соодветни јони на производ во масена грешка од 10 ppm. Интензитетот на фрагментот е релативен на оној за јонот со најголем интензитет низ опсегот m/z. Бојата, буквата и бројот за секој фрагмент ја означуваат низата што ја содржи фрагментот во поголемиот пептид (горе). y (црвените) и b (сините) фрагменти означуваат фрагменти кои се совпаѓаат со C- и N-крајот, соодветно. g, изразувањето на ORF8 резултира со намалени нивоа на KAT2A. Лента за споредба на величина 10 μm. (Слика: Nature (2022). DOI: 10.1038/s41586-022-05282-z)

Претходните истражувања веќе покажаа дека вирусот SARS-CoV-2 произведува три главни типа на протеини – оние кои се вклучени во репликацијата, оние кои се вклучени во структурните процеси и трети коишто се познати како помошни протеини. Овој трет тип протеини е вклучен во широк спектар на активности.

Претходните истражувања, исто така, покажаа дека човечката ДНК е спакувана во протеини познати како хистони што служат за да ги држат нишките на ДНК на место и имаат улога на чувари за материјалите што ги читаат нишките и ги користат тие информации за да се вклучат во активности како што е, на пример, испраќањето сигнали до други делови од телото. Некои од овие сигнали се вклучуваат кога домаќинот е заразен за да се поттикнат одбранбените механизми да се справат со наметливиот агенс.

При ова ново истражување, истражувачите пронајдоа докази што укажуваат дека еден од дополнителните протеини произведени од вирусот SARS-CoV-2 (ORF8) е во состојба да имитира барем еден вид од хистонските протеин (KAT2A) кои ја пакуваат ДНК. На овој начин вирусот ја придушува сигнализација што треба да се испрати кога домаќинот е заразен, ефективно намалувајќи го имунолошкиот одговор на организмот.

Клучни зборови:
Уметнички приказ на рецепторска мимикрија.

Уметнички приказ на рецепторска мимикрија. Антителото на САРС (виолетово) ја имитира функцијата на природниот рецептор на вирусот (тиркиз), предвремено активирајќи (и на тој начин деактивирајќи) го механизмот што му овозможува на вирусот да ја зарази клетка. (Слика: Jon Klein/jonkleinart.com)

ORF8 се поврзува со хроматин