Неверојатниот нов бродски лифт во Германија може да повлече тежина еквивалентна на 50 сини китови преку делот од каналот сместен меѓу Полска и Берлин. Моќниот бетонски лифт, најголем во оваа земја, којшто е дизајниран за справување со големи модерни бродови, за прв пат почна да ги пречекува бродовите во средата.
Инженерското ‘чудо’ што се наоѓа во Нидерфинов, источна Германија, на оддалеченост од околу 50-тина километри од Берлин, е со димензии 133 x 46 метри и е високo 55 метри. Германскиот министер за транспорт, Фолкер Висинг, за него изјави дека „го внесува во иднината внатрешниот транспорт по вода“.
На лифтот му се потребни неколку минути за да ги подигне чамците до височина од 36 метри, што им овозможува непречено да патуваат од полското пристаниште Шчечин до германската престолнина.
Потребни се неколку минути за лифтот да ги подигне бродовите на висина од 36 метри.
Со својата мрежа од метални кабли (сајли), огромната бетонска конструкција доминира над пејзажот од зелените полиња покрај каналот Одра-Хафел во покраината Бранденбург. Лифтот е изграден со намена да го замени стариот сместен истата локација, кој бил пуштен во употреба во далечната 1934 година, а којшто сега веќе не може да се справи со интензивниот проток на современиот воден сообраќај на оваа делница.
Новиот лифт е 30 метри подолг од својот претходник и може да носи речиси двојно поголема тежина, еквивалент на „50 возрасни сини китови или 1600 слонови“, како што тоа сликовито го опишал Висинг на официјалното отворање што се случи во вторникот.
Интересно е што во моментот на градба и пуштање во употреба стариот бродски лифт во Нидерфинов бил највисок бродски лифт во светот, титулата што денес ја носи лифтот на кинеската брана Три клисури, која ги крева и спушта бродовите на растојание од 113 метри. Денес, лифтот во Нидеринов не е ниту највисок во Европа, оваа титула ја носи лифтот за бродови во Стрепи-Тје, во Белгија, којшто помага бродовите да ја “премостат” висинската разлика од 73,15 метри на нивниот пат од Меза до Шелда и обратно.
Стариот лифт во Нидерфинов ќе продолжи да работи до 2025 година и ќе продолжи да живее како главна туристичка атракција во оваа руралното населба со околу 600 жители.
Стариот лифт ќе остане да функционира како главна туристичка атракција во оваа германска ‘забит’.
Нетипично за органзираната Германија, каде би очекувале сè да се одвива под конец, изградбата на новиот лифт за бродови не течела мазно и едноставно. Процесот се ‘влечкал’ осум години поради доцнење на испораки, банкрот на добавувачот, недостигот на работници и, на крај, пандемиските услови наметнати од ковидот. Па поради ова локалните медиуми му го наметнале прекарот поморски BER, како асоцијација на берлинскиот аеродром (BER), кој по речиси цела декада помината во изградба со голем број одлагања и застои, конечно беше пуштен во употреба во 2020 година.