Веќе десет години континуирано се одржува изложбата со Љубов од Битола. За јубилејот еден од творците на изложбите, Диоген Хаџи Коста Милевски кажа: “Оваа изложба Со љубов од Битола ќе го одбележи 10 издание приказни за нашиот град”. Па, бидејќи и јас сум учесник на сите овие изложби, од првата до јубилејната, ќе се обидам со студена глава да ги пренесам впечатоците од сите изминати години и изданија до денес, односно до отвароњето на изложбата на 12.9.2022 година во 20 часот.
Изложбата се одржа под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и НУ Центар за Култура Битола, главен организатор на изложбта е Здружението на граѓани Центар за Европски развој и интеграција од Битола. Генерален спонзор на десеттото издание на изложбата “Со љубов од Битола” е пензиското друштво САВА А.Д. Скопје. Оваа година “Со љубов од Битола” беше финансирана и подржана од Општина Битола преку Бит Фест.
Ретроспектива на фотографии од минати години
Како по традиција, уводен збор зеде чвекот кој ја створи оваа изложба – Диоген Хаџи Коста Милевски, кој меѓу останатото, спомена за тешкотиите низ кои оваа изложба минуваше од година во година. Како современик на изложбите, од првата пред 10 години до последната јубилејна, ќе си земам за слобода да забележам еден природен, историјски развој од година во година. Морам да потенцирам дека повеќемина од учесниците започнавме со скормна фото-техничка опрема, па дури и со фотографии направени со телефони. Но, од година во година, освен што технички се надградувавме го следевме и пулсот на живеење во градот Битола. Темите беа отворени, а стручните жирија со полна одговорност од сите примени ги одбираа и наградуваа најдобрите три дела, додека за останатите учесници следуваше благодарница. Јас лично учеството го започнав со аналоген Канон фотоапарат со филм, доноран од еден мој пријател од САД, а потоа следеше дигитален Канон со 4 Мгпикселна резолуција. Но, без разлика на опремата, секој учесник даваше сè од себе за да влезе во потесниот избор. Имаше периоди кога фотографиите ги дониравме за добротворни цели.
Во секој случај, од година во година квалитетот беше сè повисок, а конкуренцијата сè епоголема. Во такви услови беше императив да се избере тема, објект за фотографирање, и секако техника. Од пред неколку години беа задавани теми, па приложените фотографии беа на некој начин тематски поврзани. Дури и во овие пандемиски услови, последниве две години, изложбата продолжи да опстојува – со мерки за заштита изложбите продолжија.
Дел од изложените фотографии
Во изминатиот период од 10 години за учество во изложбата биле пријавени преку 1000 фотографии, што претставува ризница на изложбата “Со Љубов од Битола”. Оваа 2022 година стручното жири од пристигнатите 100 фотографии селектираше 23 фотографии од 17 автори кои се сведоштво за архитектурата на Битола во изминатиот период.
По уводниот збор на Диоген, збор зеде Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевска, по што присутните ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој потоа ја отвори изложбата и зборот го предаде на стручното жири коешто ги истакна резултатите. Тричленото жири, во состав Симона Калица, Робер Јанкуловски и Весна Каревска, даде свое образложение за критериумите за избор на добитниците на благодарници и за првопласираните. Особено беше истакнато учеството на фотографи од други градови, што укажува на тоа дека интересот за оваа изложба расте.
Заедничка фотографија на организаторите со тројцата првопласирани
Диоген Хаџи Коста Милевски заедно со директорката на Центарот за култура започнаа со доделување на благодарници за спонзорите и за учесниците кои влегоа во потесен избор, а воедно имаа и подолг континуитет на учество. Благодарници добија: Михаел Димитровски, Ангела Вељановска, Емилија Глигуровска,Татјана Грегова, Ивона Кочов, Гоце Веселиновски, Кервин Кендел Вилиамсон, Ангелаа Митковска, Марија Дојошовска, Сашо Стојановски, (мојата маленкост) Перица Поповски, Ангелина Станојоска, Тамара Гарческа, Марија Петровска.
По ова се премина на доделување на паричните награди и признанија за трите најдобро пласирани учесници. Првото место го освои Мери Бошковска, пред Бенита Стомирова, а третопласиран беше Дражан Брачиќ.
На крајот, градоначалникот Тони Коњановски им честита на добитниците на наградите, како и на добитниците на благодарници и посака следната година да има уште повеќе учесници и подобар квалитет.
Дискусии и коментари за изложбата
Оваа јубилејна изложба беше навистина добро организирана па дури и имаше мал коктел з априсутните. Како некој што во континуитет учествува на оваа изложба од нејзиното прво издание пред 10 години, иако досега немам освоено награда можам да кажам дека сум благодарен што секогаш бев во кругот на најдобрите.
Со голема радост ја примив Благодарницата