Се чини дека во НАСА сериозно ја сфаќаат нивната претстојна истрага за НЛО. Имено, во јуни агенцијата објави дека ќе започне научна студија за НЛО (Неидентификувани летечки објекти), или ако сакаме да бидеме попрецизни истражување на НВФ – неидентификувани воздушни феномени, како што неодамна беа “ребрендирани” овие појави.
Уште во јуни претставниците на НАСА открија дека главни цели на истражувањето ќе бидат да се идентификуваат и карактеризираат достапните податоци за НЛО, да се дефинираат најдобрите начини за собирање/реализирање на идните набљудувања и да се одреди како агенцијата може да ги искористи таквите податоци за да го унапреди нашето разбирање за овие мистериозни феномени.
Студијата ќе ја предводи астрофизичарот Дејвид Спергел, претседател на фондацијата Симонс во Њујорк. Се очекува дека истражувањето нема да чини повеќе од 100 000 американски долари, а треба да започне оваа есен и ќе трае околу девет месеци. Како што во средата (17. август), за време на „состанокот во градското собрание“ на кој се разговарало за повеќе различни проекти на Дирекцијата за научни мисии (Science Mission Directorate – SMD) на вселенската агенција, официјалните лица изјавија deka “во НАСА се работи напорно за да се запази овој распоред”.
“Работиме со полна пареа на подготовките за студијата за НВФ”, изјавил Даниел Еванс, помошник заменик вонреден администратор за истражување во SMD, за време на градското собрание во средата. „Ова е навистина важно за нас, и ние ставаме висок приоритет на тоа“. Како што открил Еванс, во истражувачкиот тим ќе бидат вклучени 15 до 17 научници „некои од водечките светски научници, практичари за податоци, практичари за вештачка интелигенција, експерти за воздушна безбедност, сите со сопствени задолженија, што ќе помогне оваа тематика да го добие целосниот фокус на науката и детално проучување на податоците од НВФ”.
Еванс и неговиот тим веќе ги идентификувале најдобрите кандидати и уште во текот на оваа недела за нив ќе се расправа со администраторот на НАСА Бил Нелсон. Ако предлогот добие зелено светло од Нелсон, мошне брзо ќе се закажат и првите формални состаноци на работната група.
„Се надевам дека ќе го завршиме ова до октомври“, вели Еванс за состаноците. „Но, ќе стискам палци и ќе кажам дека би можеле да завршиме со тоа [прелиминарните подготивки] и многу порано.”
Претстојното истражување на НАСА е одамна очекувано и несомнено резултатите од истражувањето ќе бидат очекувани со нетрпение, и тиа не само од тврдокорните верници во НЛО заедницата. Претставниците на агенцијата изјавиле дека се надеваат дека студијата ќе помогне истражувањата за НВФ конечно да добијат ригорозен и објективен научен третман, и дека со ова ќе влезат во “нормалниот” научен “мејнстрим”.
Извор Space