Мошне често се случува мачките да имаат посебни афинитети кон одредени луѓе во семејството. Овие афинитети се поврзани со повеќе фактори… кои и не се толку различни од начинот на којшто ние луѓето ги избираме нашите омилени луѓе!
Дали имате впечаток дека вашата мачка ја претпочита вашата сестра, вашата цимерка или вашиот сопружник? Можеби е навистина така! Но, тоа не значи дека таа не ве сака. Всушност, една студија од 2019 година покажала дека домашните мачки покажувале приврзаност кон своите луѓе слична на онаа што ја покажуваат кучињата. Тие дури и демонстрирале знаци на приврзаност налик на онаа што бебето ја има кон родителите!
Но, од каде потекнуваат овие разлики во приврзаноста кај мачките? Слично како и кај луѓето, тие доаѓаат пред сè од карактерот на мачката. Некои мачки ќе изградат поцврсти врски со одредена личност, други ќе имаат слично однесување со сите во куќата. Исто така, животинчето може да се поврзе најмногу со личноста со која таа поминувала најмногу време кога била маче, која станува смирувачка личност за него. Исто така улога во приврзувањето може да игра и траумата. Ако посвоите мачка која била злоставувана во нејзиното претходно живеалиште и на некој начин ја потсетувате на поединецот кој го предизвикал злоставувањето, можеби ќе и биде потребно подолго време за да таа се смири во ваше присуство.
Мачката може да се исплаши и во отсуство на траума, на пример, ако често ја принудувате да се гушка кога таа не сака.
Но, она што е најбитно е дека ако и посветите внимание на вашата мачка, таа може да го забележи тоа и да за возврат да изгради поблизска врска со вас.