Рубрика: Информатика
MAGDA 1UP Hyper Jam маратон во креирање видео игри
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.06.2022 - 15:30

Со огромно задоволство имаме чест да го најавиме летниот Game Jam односно MAGDA 1UP Hyper Jam - 48 часовен маратон во креирање Hyper Casual видео игри кој ќе се одржи од 18 до 19ти јуни.

По успешната прва онлајн MAGDA Game Dev 1UP конференција во Македонија, следува 48 часовно креирање на видео игри ВО ЖИВО, со присуство!

По принципот на Game Jam, учесниците доаѓаат на локација на 18 јуни со свои компјутери, лаптопи и опрема која им е потребна и имаат 48 часа за да креираат Hyper Casual Simulation или Hyper Casual Puzzle игра и да освојат награда од 500, 400 или 300 евра како и ексклузивен договор со CrazyLabs за прототипирање и тестирање на вашата игра како и пристап до нивниот CLIK дашборд.

МАГДА обезбедува сè што им треба на учесниците во тие 48 часа за да бидат максимално креативни и продуктивни. Храна, сокови, чаеви, кафиња и грицки, ментори, енергетски напитоци и овошје. Нивно е само да креираат и колаборираат!

ТЕМИ овој пат се:
• Hyper Casual Simulation игри! (примери: https://bit.ly/3xAjQc8, https://bit.ly/3Qc46U5, https://bit.ly/3tv0Wkv, https://bit.ly/3aJKEOm, https://bit.ly/3xlnJ3u, https://bit.ly/3aGaN0g
и
• Hyper Casual Puzzle игри! (примери: https://bit.ly/3xlOepg, https://bit.ly/3mwfaxG, https://bit.ly/3aNacdr, https://bit.ly/3mEXn7n)

Локација на настанот се феноменалните канцеларии на CrazyLabs (https://goo.gl/maps/MWeKFfyrfJnqeZgA9)

CrazyLabs е топ 3 компанија за развивање и издавање мобилни игри во светот со повеќе од 5 милијарди преземања и преку 250 милиони играчи секој месец. Играта Tie Dye која е од Македонското студиo Furious Avocado до овој момент е преземена преку 160 милиони пати.

Ќе има и предавање од Наум Михајловски од Furious Avocado на тема Designing Hyper-Casual Hits. Furious Avocado е компанијата која успеа да го земе приматот за една од најуспшешните за правење игри и е комплетно Македонска компанија. Постои помалку од две години, а нејзината вредност е огромна.

Учеството е БЕСПЛАТНО, а линкот за пријавување е https://magda.org.mk

 

Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА е невладина организација, формирана во 2013 година. Нашата мисија е да го поддржиме и промовираме развивањето на игри во Македонија, како и да помогнеме во проширување на заедницата. За таа цел во изминатите години имаме организирано поголем број на настани меѓу кои 10 настани Global Game Jam Македонија како дел од најголемиот интернационален game jam настан; Game Развиотка, 3 мини конференции во соработка со Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ); T-Home Game Weekend конференција во соработка со Македонски Телеком, како и Game Jam Plus натпревар кој вклучува акцелераторски период и овозможува натпреварување на европско и светско ниво. Во периодот 2015 - 2017 година, во соработка со GAUSS Institut Битола и со поддршка на Амбасадата на САД, МАГДА раководеше со Game Developers Hive во Битола, инкубатор и центар за едукација во сферата на дигиталните игри.  

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: