Користејќи го VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, тим астрономи забележаа нов тип на ѕвездена експлозија – микронова. Овие настани се случуваат на површината од одредени ѕвезди и секоја за само неколку часа може да согори ѕвезден материјал еквивалентен на Големата пирамида од Гиза помножена за 3,5 милијарди пати!
Научниците за првпат го детекираа и идентификуваа феноменот на микронова, кој го става на тест разбирањето за тоа како во ѕвездите се случуваат термонуклеарните експлозии. Микроновите се исклучително моќни настани, но се мали во астрономски размери; тие се многу помалку енергични од ѕвездените експлозии познати како нова, за кои астрономите знаат со векови. Обата типа на експлозии се случуваат кај бели џуџиња, мртви ѕвезди со маса приближно еднаква на онаа на нашето Сонце, но со големина како Земјата.
Бело џуџе во систем со две ѕвезди може да украде материјал, главно водород, од својата придружна ѕвезда, доколку тие се доволно блиску една до друга. Како што овој гас паѓа на многу жешката површина на белата џуџеста ѕвезда, тој ги поттикнува атомите на водород експлозивно да се спојат во хелиум. Кај нова ѕвездите, овие термонуклеарни експлозии се случуваат на целата ѕвездена површина. Таквите детонации овозможуваат целата површина на белото џуџе да гори и силно да свети во текот на неколку недели.
Микроновите се слични експлозии кои се со помал обем и се побрзи – траат само неколку часа. Тие се појавуваат кај некои бели џуџиња со силни магнетни полиња, кои го насочуваат материјалот кон магнетните полови на ѕвездата.
Уметничка визија на систем со две ѕвезди, со бело џуџе (во преден план) и придружна ѕвезда (во позадина), каде што може да се појават микронови. Синиот диск што се врти околу светлото бело џуџе во центарот на сликата е составен главно водород, украден од неговата придружна ѕвезда. Кон центарот на дискот, белото џуџе ги користи своите силни магнетни полиња за да го насочи водородот кон неговите полови. Како што материјалот паѓа на жешката површина на ѕвездата, предизвикува микронова експлозија на половите на белото џуџе.
Притоа водородната фузија се случува на локализиран начин. Имено, водородното гориво може да се содржи во основата на магнетните полови на некои бели џуџиња, така што фузијата се случува само на овие магнетни полови. Ова води до микро-фузиски експлозии, кои имаат околу еден милионити дел од јачината на експлозија на нова, па оттука и името микронова. Но нека не ве залажува префиксот “микро“, било кој еден од овие изблици може да изгори околу 20 000 000 трилиони килограми ѕвезден материјал.
Овие нови микронови го предизвикуваат разбирањето на астрономите за ѕвездените експлозии и можеби ги има почесто отколку што досега се сметаше. Тоа само покажува колку е динамичен универзумот.
Тимот за првпат наиде на овие мистериозни микро-експлозии кога ги анализираше податоците од сателитот за транзитни егзопланети (TESS) на НАСА. Тимот набљудуваше три микронови со TESS: две беа од познати бели џуџиња, но третата бараше дополнителни набљудувања со инструментот X-shooter на VLT на ECO за да се потврди неговиот статус на бело џуџе. Со нив било откриено дека сите овие оптички блесоци се произведени од бели џуџиња, опсервација што била клучна во толкувањето на резултатот и за откривањето на микроновите.
Откривањето на микронови се надоврзува на репертоарот на досега познатите ѕвездени експлозии. Тимот сега сака да сними повеќе од овие настани, за што ќе бидат потребни обемни истражувања и брзи последователни мерења.
Уметничка визија на систем со две ѕвезди, со бело џуџе (во преден план) и придружна ѕвезда (во позадина), каде што може да се појават микронови.
Уметничка визија на систем со две ѕвезди, со бело џуџе (во преден план) и придружна ѕвезда (во позадина), каде што може да се појават микронови. Синиот диск што се врти околу светлото бело џуџе во центарот на сликата е составен главно водород, украден од неговата придружна ѕвезда. Кон центарот на дискот, белото џуџе ги користи своите силни магнетни полиња за да го насочи водородот кон неговите полови. Како што материјалот паѓа на жешката површина на ѕвездата, предизвикува микронова експлозија на половите на белото џуџе.