Дали конечно ќе може да видиме некое намалување на цените на графичките картички? Со официјално најавеното намалување на цената на картичките на Asus кое треба да настапи денес, се чини дека да.
На почетокот од оваа недела Asus испрати соопштение во коешто се најавува дека планира да ја намали официјалната цена на своите картички од серијата RTX 30, почнувајќи од 1 април. Притоа производителот не наведува каква било промена во побарувачката или понудата, туку само промена во начинот на којшто САД ги применуваат царините на производите увезени од Кина.
Како резултат на најновото укинување на царините за кинески увоз од страна на американската трговска служба, гејмерите и PC ентузијасти ќе добијат пониски цени на графичките картички од серијата Asus GeForce RTX 30, почнувајќи од 1 април 2022 година, вели соопштението од Asus. Asus е меѓу првите што овие придобивки ќе ги искористи за намалување на трошоците за набавка на уредите, бенефит кој директно ќе го почуствуваат потрошувачите. Пониските цени ќе имаат влијание на влезот на графичките картички GeForce RTX 3050 и RTX 3060 од средна класа, како и на картичките со високи перформанси RTX 3080 и RTX 3090.
Asus всушност укажал и колку точно планира да ги намали цените – потрошувачите треба да очекуваат намалување до 25% на различни модели во текот на пролетта.
Потрошувачите ќе ја ценат одлуката на Asus да ги намали цените на GPU картичките, не само затоа што поради пандемијата ја направи набавката на графички процесори речиси невозможна, туку и поради тоа што производителот на лаптопи беше една од првите компании што ги зголеми цените на графички процесори во јануари минатата година, по што една или две недели подоцна следеа покачувањата и од другите производители како eVGA, на пример. Имајќи го ова предвид, можеби треба да очекуваме намалување и од другите производители на графички картички, но можеби тие едноставно ќе ги искористат пониските тарифи за остварување на поголем профит од продажбата по старите цени. Засега непознато е дали пониските тарифи ќе ги направат картичките подостапни за крајните корисници.