Рубрика: Информатика
Хакерски напад ги активира ѕвоната на катедралата Штефансдом во Виена
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 17.03.2022 - 16:45

Австриските власти ја решија мистеријата на громкото ѕвонење од виенската катедрала коешто вчера ги разбуди жителите на австриската престолнина во два часот по полноќ. Причина за 20-минутното одекнување на камбаните е всушност хакерски напад.

Хакерите упаднале во компјутерот кој управува со ѕвоната на Штефансдом (Stephansdom), катедралата што е еден од симболите на Виена, преку заштитниот ѕид со кој преку Интернет тој се поврзува со компанијата за ѕвона од Инсбрук.

Хакерите прво ги активирале славеничките ѕвона од јужната кула, а потоа и барокните ѕвона на северната. Но не успеале да го активираат и главното ѕвоно, наречено Пумерин коешто е трето најголемо црковно ѕвоно во Европа, а со чиешто ѕвонење австријците традиционално влегуваат во Новата година. Активацијата на Пумерин била невозможна бидејќи ѕвоното едноставно не е поврзано со интернет. По речиси половина час од нападот, ѕвоната ги исклучил “мануелно”, со помош на таблет, Тони Фабер, свештеник во катедралата.

Компанијата која го одржува системот за ѕвоната на Штафенсдом одговори на нападот така што ги “отстранување“ ѕвоната од стандардната мрежа и ги поврза со директна VPN конекција, а биле поставени и дополнителни безбедносни протоколи.

Засега не е познато од каде дошол хакерскиот напад.

Клучни зборови: