Рубрика: Информатика
3Д моделирање и печатење – работилница за средношколци
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.11.2021 - 11:30

На самиот почеток на новата учебна година, СмартАп лабораторијата за социјални иновации, поддржана и финансирана од градот Скопје, подготвува креативна и едукативна авантура за сите средношколки и средношколци од град Скопје – работилница за 3Д моделирање и печатење. На 15 мотивирани и љубопитни средношколци од Скопје ќе им се понуди можност во текот на еднодневната работилница да научат основите, како и дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.
 

Во текот на самата работилница учениците ќе се запознаат со следниве теми:

• Вовед и преглед – од преглед на тематиката, преку како функционира 3Д печатачот и 3Д печатењето, па сè до визуелниот приказ на печатачот.

• 3Д моделирање – запознавање со компјутерските програми за изработка на тридимензионални модели и со нивна употреба за визуелизирање на едноставни 3Д идеи.

• 3Д печатење – запознавање и работа со 3Д печатач и изработка на готов печатен 3Д производ според даден пример.

Работилницата за 3Д моделирање и 3Д печатење ќе се организира за група која ќе се состои од 15 учесници, средношколци од средните училишта на Градот Скопје. Работилницата, во времетраење од 4 часа, е закажана за 13.11.2021 во Амфитеатарот на ФИНКИ (Руѓер Бошковиќ б.б., Скопје), со почеток од 10:00 часот.

Предавач на работилницата ќе бидe врвниот експерт на М3ДС академијата Флорина Џингова, која е воедно и генерален менаџер и водечки инструктор во М3ДС Академијата за визуелни уметности.

Сите заинтересирани средношколци може да се пријават за настанот на следниот линк: https://rb.gy/fqa901, најдоцна до 11 ноември.

Апликацијата е отворена за сите средношколци од град Скопје, без разлика на нивната возраст, а учеството на настанот е целосно бесплатно. 15-мината учесници ќе бидат избрани според содржината на нивната пријава.

Проектот „Работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење“ е поддржан и финансиран од страна на Град Скопје, а партнери во неговото реализирање се Академијата за визуелни уметности М3ДС и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Клучни зборови: