Рубрика: Аудио и видеотехника
Промоција на Legendary од Теохаров и Влатко Стефановски
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 03.11.2021 - 11:30

Звучна перфекција која го одбележа годинешниот аудио саем во Загреб

Годинава која привршува Теохаров аудио ја заокружи со промоција на своето најново дело коешто го конструираше во соработка со Влатко Стефановски.

Заедничката страст на Теохаров и на Стефановски кон музиката и аудио производите од високата класа се основата врз којашто се изгради пријателство и беше иницијална каписла за  креативната идеја која жестоко целеше напред, кон реализација и триумф над сите ризици и неизвесности поради пандемијата.

Амбицијата стана реалност. Бескомпромисниот инженеринг на Теохаров и бојата на звук на Стефановски се имплементираа во совршено елегантна форма која носи симболично име – Legendary!

Legendary ја имаше својата светска промоција на 17.10.2021 година во рамките на интернационалниот фестивал за аудио и видео орема, Too Loud fest 2021 во Загреб. Повеќе од 120 посетители од цела Европа, централниот дел на вториот кат од хотелот Double tree by Hilton го исполнија со воодушевувачка тишина, внимателно апсорбирајќи го секој кажан збор од промоторите.

Она што е најважно, и кое публиката трпеливо го очекуваше, беа првите ноти што ќе протечат низ ова легендарно ремек-дело. Под вештата рака на Стефановски, овој настап во живо ги долови сите нијанси на совршена звучна репродукција која ги освои сите присутни, но и оние кои промоцијата ја следеа онлајн.

Legendary, во лимитирано издание од 15 парчиња, дефинитивно го одбележа овогодинешното издание на фестивалот, оставајќи зад себе импресии за кои долго ќе се говори.

За македонската публика, Legendary беше визуелно претставен во рамките на овогодинешното издание на Skopje Jazz Festival, во Националната опера и балет.

Звучните перформанси на Legendary, за сите заинтересирани, ќе бидат претставувани со внимателно утврден индивидуален концепт за секој посетител поединечно.

 

--- комерцијална презентација ---

Клучни зборови: