Ви ја проследуваме најтазе состојбата на пазарот со криптовалути.
Растот на вредноста на криптовалутитите на пазарот денес “закочи”. Во изминатите 24 часа пазарната капитализација е намалена за 0,4 проценти.
Во последните 24 часа вредноста на етериумот (Ethereum) падна за 3,2 проценти во однос на истиот период и, според веб-страницата Коингеко, во моментов се тргува за помалку од 3 500 американски долари.
Од друга страна биткоинот му пркоси на трендот. Неговата вредност е зголемена за 1,4 проценти во последните 24 часа и во моментот додека го пишуваме ова се тргува по цена од речиси 57 360 долари.
Од другите криптовалути издвојуваме: догикоинот бележи пад од 6,2%, шиба ину коин пад од 1,4%, литекоинот пад од 5,3%.