По децении фиктивно истражување на универзумот во ТВ-серии и филмови, Вилијам Шaтнер конечно во живо ќе ја посети “последната граница” – вселената и храбро ќе зачекори каде пред него не бил никој на негова возраст.
Вториот туристички вселенски лет на Блу Ориџин (Blue Origin) е закажан за 12-ти октомври. Актерот кој ја толкуваше ролјата на каперанот Џејмс Тајбириус Кирк во оригиналните „Sвездени патеки“ и еден од најактивните Твитер-корисници, ќе биде еден од патниците во капсулата Њу Шепард (New Shepard).
Со реализацијата на овој лет Шaтнер, кој има полни 90 години, ќе стане најстарата личност што некогаш летала во вселената. Тој ќе го сруши рекордот на 82-годишниот авијатички пионер Воли Фанк, кој беше дел од екипажот на првиот лет на Њу Шепард во јули.
На пат кон вселената на Вилијам Шaтнер ќе му се придружи и потпретседателот на мисијата и летачката оператива на Блу Ориџин, Одри Пауерс. Компанијата претходно ги објави имињата и на двајцата други патници – соосновачот на Планет Лабс, Крис Бошуизен, и соосновачот на Медидата, Глен де Врис. Ова е второ од вкупно три лансирања што Блу Ориџин ги планира до крајот на оваа година.
Летот е закажан на 12 октомври. Во меѓувреме американската Федералната управа за авијација соопшти дека ги разгледува безбедносните проблеми што ги посочија некои од сегашните и поранешните вработени во Блу Ориџин во заедничкиот извештај поднесен до нив минатата недела. Покрај обвинувањата за сексуално вознемирување и обидите да се замолчат внатрешните критичари, групата тврди дека компанијата “недоволно ги зема предвид замерките во поглед на безбедноста“. Според CNBC, извршниот директор на Блу Ориџин, Боб Смит, им рекол на вработените дека компанијата „поминала низ методичен и макотрпен процес за сертификација на Њу Шепард“ и дека „секој што тврди поинаку е неинформиран или едноставно не е во право“.