Најнапред го воведоа биткоинот како платежно средство, а сега и ќе го “копаат”. Користењето геотермална енергија за биткоин мајнинг можеби и не е толку лоша идеја. Станува збор за зелена, достапна енергија, која во голема мера ги намалува трошоците на рударство.
Откако Ел Салвадор стана првата земја во светот што го воведе биткоинот како официјално платежно средство, што влијаеше и врз цената на оваа криптовалута на светскиот пазар, тие одлучија да започнат со негово “ископување”.
Но, мајнингот на криптовалути, освен што побарува прилично моќни машини рударство (т.н. платформи), исто така троши и многу електрична енергија. Во Ел Салвадор решија да го надминат овој проблем со користење на природните ресурси. Поточно, за “ископ”на криптовалутата ќе ја користи моќта на вулканот.
Како што претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, објави на Твитер, целиот систем е сè уште во фаза на тестирање, но може да покаже голем потенцијал.
Како што пишува Букеле во твитот : “Сè уште тестираме и инсталираме, но ова е официјално првиот биткон ‘ископан’ од вулкан”.
Ползувањето на геотермална енергија за ископ на биткоини можеби и не е толку лоша идеја. Станува збор за зелена енергија, која е достапна и која во голема мера ги намалува трошоците на “рударството”. Љубителите на криптовалути во Исланд веќе подолго време ја користат геотермалната енергија за рударство, односно за производство на струјата со која се напојуваат уредите. Впрочем, овој остров, богат со гејзери и вулкани, ја користи геотермалната енергија и за греење.
Во видеото објавено на твитер-профилот на Букеле е прикажано како се замислува да изгледа целиот овој процес. Претстедателот на Ел Салвадор пред неколку месеци вети дека ќе изгради рударски објект за биткоин кој ќе биде “100% чист, 100% обновлив и со 0% емисии“. Целото видео може да го погледнете тука