Рубрика: Телекомуникации
30 години од првата аматерска радиоврска од независна Македонија
Автор: Владимир Ковачески
Објавено на 08.09.2021 - 12:15

Владимир Ковачески, Z35M во просториите на Радиоклубот Славеј од Струга во 90-те години од минатиот век

Првата радиоаматерска врска од независна Република Македонија е одржана во првите минути на 8-ми септември 1991 година, со телеграфија на 40 м опсег помеѓу стружанецот Владимир Ковачески, YU5KV (Z35M) и британецот Вернон Емс , G3IUS.

Радиоаматеризмот во Македонија има традиција од 75 години организирано делување, но како меѓународно признат радиоаматерски ентитет се смета од 8-ми септември 1991 година, денот на референдумот кога огромното мнозинство од граѓаните гласаа за независност на државата.

Две години подоцна, на 17.6.1993 дотогашниот југословенски префикс YU5, Република Македонија го замени со посебен префикс Z3, со којшто македонските радиоаматери се препознатливи и преку одржување радиоврски со станици ширум светот секојдневно ја промовираат државата. За важноста на овој датум говори тоа што истиот се одбележува како Ден на македонските радиоматери.

QSL картичка со која што британскиот радиоаматер G3IUS го потврдува одржувањето на првата радиоврска од независна Македонија (картичката е обезбедена неколку години подоцна, заради тоа што ненамерно е впишан тогашниот нов повикувачки знак на македонскиот радиоаматер)

Клучни зборови:
Владимир Ковачески, Z35M во просториите на Радиоклубот Славеј од Струга во 90-те години од минатиот век

Владимир Ковачески, Z35M во просториите на Радиоклубот Славеј од Струга во 90-те години од минатиот век

QSL картичка со која што британскиот радиоаматер G3IUS го потврдува одржувањето на првата радиоврска од независна Македонија