Рубрика: Архитектура и градежништво
Најбрзиот лифт на светот
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 30.07.2021 - 13:15

Учествувате на квиз и ви паѓа прашање “Кој е најбрзиот лифт на светот?”. За да не очајувате тогаш прочитајте и дознајте... или пратете му на вашиот пријател што ќе треба да знае ;)

Дали знаевте дека постојат лифтови на кои им се потребни неколку секунди до најмногу една минута за да стигнат до последните катови на облакодери кои со сооствената висина рушат рекорди или, пак, дека постојат лифтови сместени на литиците од најстрашните пропасти на Земјата?

Рекордот за највисок лифт во светот, а истовремено и за најбрз лифт на светот го во моментов го држат пар лифтови сместени во зградата на Финансискиот центар ЦТФ во Гуангжу (Кина), којшто претставува величествен облакодер висок 530 метри. Овие ултра-технолошки средства за движење, произведени од Хитачи и опремени со магнетни мотори, можат да достигнат брзини од 75,6 километри на час (односно 21 метар во секунда). Пред нив, претходниот рекордер беа лифтовите на Шангајската кула, највисокиот облакодер во Кина (632 метри), кои постигнуваат брзина од 74 километри на час, односно 20,5 метри во секунда.

Финансискиот центар ЦТФ во Гуангжу (Кина) и лифтовите сместени во неговата внатрешност

Што се однесува до двокатните лифтови, т.н. дабл-декери, кои се побавни од оние со една кабина, брзинскиот рекорд оди кај нив го држи облакодерот Бурж Калифа во Обединетите Арапски Емирати, којшто со висина од 828 метри е истовремено и највисоката зграда во светот. Овие лифтови достигнуваат брзини од 36 километри на час, односно 10 метри во секунда, а исто така поминуваат и најголемо растојание во однос на сите други лифтови.

Највисоката зграда во светот, облакодерот Бурж Калифа (во централниот дел од фотографијата), и детаљ од внатрешноста на ултрабрзите двопалубни лифтови сместени во внатрешноста од кулата (фотографијата во горниот лев агол)

Во категоријата лифтови под отворено небо, односно оние што не се наоѓаат во облакодери или некоја слична градба, последниот брзински рекорд од 3 метри во секунда, го држи мошне ‘бавниот’ лифт Бајлонг, чие име значи Лифт на сто змејови. Двопалубниот лифт е сместен на работ од литица која се издига над пропаст висока 326 метри, во живописната област Вулингјан, во Кина, позната по прекрасните карпести структури кои беа инспирација и за некои од сцените во филмот Аватар.

Лифтот на стоте змејови – најбрзиот лифт којшто оперира под отворено небо 

 

Бонус – како изгледа возењето со лифтот во областа Вулингјан, Кина
Клучни зборови:
Финансискиот центар ЦТФ во Гуангжу (Кина)

Финансискиот центар ЦТФ во Гуангжу (Кина)

Лифтовите сместени во внатрешноста на ЦТФ

Лифтовите сместени во внатрешноста на ЦТФ

Највисоката зграда во светот – облакодерот Бурж Калифа, тука во централниот дел од фотографијата, и детаљ од внатрепноста на ултрабрзите двопалубни лифтови сместени во внатрешноста од кулата

Највисоката зграда во светот – облакодерот Бурж Калифа, тука во централниот дел од фотографијата, и детаљ од внатрепноста на ултрабрзите двопалубни лифтови сместени во внатрешноста од кулата

Лифтото на стоте змејови – најбрзиот лифт којшто оперира под отворено небо

Лифтото на стоте змејови – најбрзиот лифт којшто оперира под отворено небо