Еден мешан тим од истражувачи од ЕТХ Цирих, Институтот за атмосферска и климатска наука и од Универзитетот во Њукасл, со примена на статистичка анализа и моделирање, откри дека врнежите во Европа може да се зголемат со садење на повеќе дрвја.
Во трудот, објавен неделава во списанието Nature Geoscience, научниот тим пишува за тоа како биле користени податоците за количеството врнежи земени од мераните метео станици ширум Европа со цел да изградат сопствени модели. Во истото издание на Nature Geoscience Џесика Бејкер заедно со Универзитетот во Лидс објави уште еден дополнителен напис во делот “Вести и прегледи“, кадешто во повеќе детали се изложува научната работа што тимот ја презеде при ова истражување.
Претходните истражувања укажуваа дека големи делови од Европа можеби да се соочат со помала количина врнежи во следните години како резултат на климатските промени. Во ова ново истражување, научницоте разгледаа што би можело да се случи во Европа ако се засилат напорите за садење на повеќе дрвја.
Со цел да се дознае повеќе за влијанието на растот на шумите врз временските услови, поточно врз количините на врнежи, истражувачите собрале историски податоци за врнежите од повеќе места низ цела Европа. Потоа, ги спариле податоците од мерачите за количеството на врнежи во пошумените области со податоците добиени од областите со земјоделски култури, како би ги споредиле количините на врнежи во регионите кои инаку биле речиси исти. По ова ги искористиле добиените податоци за статистички да ги анализираат врнежите во регионот за да создадат модели за предвидување на обилноста на врнежите. Целта на моделите била да се покаже различни сценарија влијаат врз количеството на врнежи – претворањето на земјоделско земјиште во пошумено земјиште, на пример.
Истражувачите откриле дека пошумените области добиваат повеќе врнежи од земјоделските области. Исто така било откриено дека со претворање на земјоделското земјиште во пошумена област се зголемувале и врнежите – како локално така и низводно. Ако оваа идеја се развие понатаму би можело да се заклучи дека ако (барем дел) земјоделското земјиште ширум Европа се претвори во шума, цела Европа би забележи пораст на врнежите, дури и во услови кога планетата продолжува да се загрева.
Истражувачите не беа во можност да објаснат зошто во пошумените области има повеќе врнежи од дожд, но претпоставуваат дека тоа веројатно се должи на отпорот што го создаваат дрвјата на воздухот што се движи, забавувајќи го струењето и овозможувајќи повеќе време за развој на дождовни облаци во атмосферата.