Не постои ниту еден вистински занесеник по Лего коцки кој барем еднаш не се запрашал што сè би можел да направи од коцките во неговите сетови. И, бидејќи во денешно време вештачката интелигенција наоѓа сè поголема примена во сите сфери, па исто така и во овој случај таа а се појави како одлично решение.
Апликацијата за мобилни уреди Brickit им помага на вљубениците во познатите коцки да направат нешто сосема ново од расфрланите елементи на Лего. Сè што треба да направат е да го насочите фотоапаратот кон купот коцки и да се почека малку.
Апликацијата најнапред ја скенира и ја препознава секоја коцкичка од купот, потоа ги обработува тие податоци, за на крај да му понуди на корисникот неколку предлози за тоа што тој би можел да изгради со нив. И притоа не нуди само слика на одредена фигура или од модел, ами целосно "чекор-по-чекор" упатство за нејзино склопување. Исто така, ако недостасува некој елемент меѓу скенираните коцки којшто е клучен за да може да се состави фигурата, Брикит ќе го посочи тоа и ќе предложи да се најде делот што недостасува.
Апликацијата Brickit е бесплатна, но за жал во моментав е достапна само за iOS, додека верзијата за Android е сè уште во фаза на изработка.
Ho-ly shit pic.twitter.com/5dr2rqWKTc
— Alexander Klöpping (@AlexanderNL) June 30, 2021