Рубрика: Информатика
“Медицинско-стоматолошка информатика” во е-продавницата на ЕМИТЕР
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 28.06.2021 - 17:00

Експанзијата и развојот на информатичките и телекомуникациските технологии мошне бргу најдоа примена и во системот на здравствената заштита, унапредувајќи ја самата здравствена пракса. Медицинската информатика, со својата специфична подгранка – стоматолошка информатика, се занимава со развојот, примената и евалуацијата на информациската технологија во медицината и стоматологијата, односно со решавање на проблемите кои се во врска со информациите и комуникацијата во здравствената заштита.

Книгата пред вас е наменета првенствено за студентите од медицинската стоматолошка струка, но може да биде од подеднаква корист и за сите студенти од медицинските струки кои имаат потреба од запознавање најнапред со информатичките системи, а потоа и со специфичните софтверски алатки кои се употебуваат во нивната струка.

Книгата е поделена на седум темaтски целини.

Во првата целина Информатика” дадени се основните поими, дефиниции и принципи на информатиката. Па така читателот се запознава од нула со поимите на информатика, информациска технологија, податок, информација, знак/карактер, бит, дигитален збор, документ, публикација, знаење, мудрост, алгоритам, компјутерско размислување, компјутерска програма.

Втората тема “Системиги обработува основните карактеристики на поимите систем (што е тоа систем, системски пристап, подсистем, видови на подситеми, со посебен осврт на деловен подсистем), информациски систем и компјутерски систем, со особен акцент на запознавањето со поимите хардвер, софтвер и компјутерски мрежи.

Темата Информатичко-комуникациски технологии” го обработува развојот на овие технологии. Тука се запознаваме со основните поими на информатичко-комуникациските технологии, дознаваме повеќе детали за компјутерскиот систем, компјутерските мрежи, за софтверската компонента на компјутерскиот систем и нејзината поделба на системски и апликативен софтвер.

Во темата Медицинска информатикавеќе се запознаваме со спецификите на медицинската информатика – основни поими, здравствен систем (подсистемите од коишто тој се состои и видовите на здравствени системи), е-здравство (карактеристики и елементи), и телемедицина (елементи, начин на функционирање и примена).

Петтата тема “Стоматолошка информатика ги презентира основните поими на стоматолошката информатика што е стоматолошки електронски картон, како и какви податоци се запишуваат во него, дознаваме сè за стоматолошката дисциплина телестоматологија, опремата потребна за најзина примена, видовите комуникации при телестоматолошките интервенции и, конечно, дознаваме за 3Д печатењето и неговата примена во стоматолошката протетика.

Во Критериуми за набавка на компјутерски систем” се зборува како да се направи најоптимална комбинација помеѓу финансиските средства со кои располагаме, потребите, карактеристиките на компјутерски систем и понудите на пазарот, при набавка на компјутерски систем за себе или за институцијата во која работи.

Последната, седма тема “Компјутерска етика” објaснува што е тоа етика и кои нејзини принципи треба да ги почитуваме и спроведуваме при корисиње на информатичко-комуникациските технологии, со цел запазување на општествените норми и законските прописи. Особен акцент е даден на десетте компјутерски заповеди кои кажуваат како да се однесуваме при користењето на компјутерските системи и комуникациските уреди.

Книгата "Медицинско-стоматолошка информатика" во Б5 формат, со содржини презентирани на 165 страници, дополнети со 4 страници библиографија, може да ја нарачате од е-продавницата на ЕМИТЕР (тука) по цена од 300 денари.

 

За авторите:

д-р Анис Сефиданис е универзитетски професор, декан на Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во Скопје, а предава и на Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии "Свети Апостол Павле" во Охрид, како и на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

д-р Весна Јуруковска Шотаровска е научен соработник од областа на стоматолошката протетика на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

м-р Борко Христов е магистер по информатика од областа на дигиталната форензика, асистент на Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во Скопје, како и професор по информатика и информатичка технологија во гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје.

 

Клучни зборови: