Рубрика: Макетарство и моделарство
Натпревар со радиоуправувани електро-едрилици Ф5Ј
Автор: Перица Поповски
Објавено на 15.06.2021 - 12:45

Втопласиран натпреварувач Гоце Јосифовски со својот електромодел пред старт

Во олеснети услови, но според протокол предвиден поради пандемијата со ковид-19, изминатиот викенд се одржа воздухопловната манифестација од натпреварувачки карактер во разни категории на РУ модели, придружена со размена на искуства и рекреативно летање.

Во организација на  Воздухопловната федерација на Македонија, Аеро-клубот “Мирко Тодоровски” – Битола и АК ”Витачево” – Кавадарци, се одржа натпревар со радиоуправувани (РУ) модели на едрилици од категорија Ф5Ј, односно РУ едрилици погонувани од електромотор.

На спортскиот аеродром Логоварди се појавија вкупно 6 натпреварувачи од 3 екипи: од АК “Витачево” – Кавадарци , АК “Мирко Тодоровски” – Битола и од АК “Вардарец“ – Неготино. За време на викендот, а особено во неделата, натпреварувачите имаа прекрасни услови за да ги покажат своите вештини, како во тек на натпреварите по категории, така и  при рекреативните летови.

Проверка на електронските уреди пред старт

 

По задолжителните 6 лета во категоријата Ф5Ј резултатот беше следен: прво место за Горан Стевковски од АК “Витачево” – Кавадарци,  второ за Гоце Јосифовски од АК “Витачево” – Кавадарци, и третот место за Драган Цветановски     од АК “Мирко Тодоровски” од Битола.

Во натпреварувачкиот дел судискиот кадар, предводен од главниот судија  Атанас Ташовски  од Кавадарци, крајно коректно ја изврши  задачата, така што немаше ниту еден приговор. Сите договори се правеа заеднички, што резултираше со една коректна натпреварувачка атмосфера и заврши со вистинска дружба и размена на искуства. Натпреварот се спроведуваше строго по сите правила на ФАИ, вклучувајќи и висиномери за контрола на работата на мотор и висина. Тоа е клучен момент, бидејќи победува оној кој ќе го исклучи порано електромоторот и од помала висина и ќе постигне 6 најдобри лета.

Првопласираниот натпреварувач Горан Стевковски со својот модел

На најдобро пласираните на Куповите им се доделија дипломи и признанија, а за тројцата најдобро плсирани имаше и пригодни подароци. Ми причини особено задоволство што бев поканет како мерач на време, а од АК “Витачево” ми беше доделена пријатната задача да ги поделам дипломите на учесниците.

По натпреварот речиси сите натпреварувачи правеа летови по слободен состав, разменуваа модели, ги летаа и, на крај, имаше приказ на нова техника и нови РУ модели.

Искрено многу сум благодарен што натпреварувачот Сашко Милошевиќ од АК “Вардарец” од Неготино ми овозможи да го тестирам неговиот нов 4 метарски РУ модел изработен од јаглеродни влакна, којшто патем чини околу 2000 евра. Но, ова не е првпат да ми се пружи  ваква прилика, па минатата година на сличен начин имав можност да ја испробам РУ електромоторна едрилица од типот Explorer со распон на крила од 3 метра.

Проверка на висиномерот (лево) и радиопредавател за управување со електромодел и остатокот од приборот, сосе резервни батерии

Можам да заклучам дека од година во година се зголемува квалитетот на РУ моделарите, кои веќе располагаат со современа техничка опрема и квалитетни модели, особено во категоријата Ф5Ј . Веќе настапуваат  и на меѓународни натпревари, а селекторот Здравко Тодоровски навистина ќе биде задоволен од постигнатите резултати.

Овие резултати искрено радуваат, но забележливо беше отсуството на најдобрите моделари од другите аероклубови од Македонија. Можеби за ова пресудни беа сè уште присутната закана на ковидот, но секако и лошото време наскаде низ Македонија кое беше присутно во текот на изминатата недела.

Но, да се надеваме дека следната година работите веќе ќе почнат да се враќаат во нормала и дека натпреварите во оваа категорија ќе бидат помасовни и уште поконкурентни.

Клучни зборови:
Втопласиран натпреварувач Гоце Јосифовски со својот електромодел пред старт

Втопласиран натпреварувач Гоце Јосифовски со својот електромодел пред старт

Првопласираниот натпреварувач Горан Стевковски со својот модел

Првопласираниот натпреварувач Горан Стевковски со својот модел

Проверка на електронските уреди пред старт

Проверка на електронските уреди пред старт

Радиопредавател за управување со електромодел и прибор сосе резервни батерии

Радиопредавател за управување со електромодел и прибор сосе резервни батерии

Висиномер – инструмент за покажување на висината постигната со работа на моторот

Висиномер – инструмент за покажување на висината постигната со работа на моторот

Дипломи за првопласираните

Дипломи за првопласираните

Доделување на призние за најдобро пласираниот Горан Стевковски (фото Марјан Штрковски)

Доделување на призние за најдобро пласираниот Горан Стевковски (фото Марјан Штрковски)

Мојата маленкост по извршениот тест лет со 4-метарската едрилица

Мојата маленкост по извршениот тест лет со 4-метарската едрилица

Блиска средба на два РУ електроедрилици при слетување

Блиска средба на два РУ електроедрилици при слетување