Во овој времеплов го одбележуваме светскиот ден на океаните, денот кога е формирана Агенцијата за заштита на природата на ООН и 326 години од раѓањето на астрономот Џовани Доменико Касини...
8.6.секоја година – Светски ден на океаните
Во 2009 година за првпат во историјата беше одбележан Светски ден на океаните (World Oceans Day), воспоставен од Организацијата на обединетите нации.
Се работи за ден наменет за одбележување на важната улога што океаните ја имаат во нашите животи и за тоа што можеме да направиме за да ги заштитиме од загадувањето и климатските промени, но и како да ги сочуваме за следните генерации.
Концептот за Светски ден на океаните беше предложен од страна на Канада, на самитот во Рио де Женеиро во 1992 година. Генералносто собрание на ООН ја усвои резолуцијата во декември 2008 година, и со тоа овој ден официјално беше утврден како Светски ден на океаните. (Н.С.)
8.6.1625 – Роден е астрономот Џовани Доменико Касини
Џовани Доменико Касини (Giovanni Domenico Cassini) е италијанско-францускиот астроном познат по тоа што го 1675 година го открил процепот којшто ги двои прстените на Сатурн на две партиции. Денес овој ‘разделник’ е познат како ‘пукнатината на Касини’
Касини тврдел дека прстенот на Сатурн, за којшто Хајгенс верувал дека е едно единствено тело, всушност е составен од милиони и милони мали честички. Касини открил четири од Сатурновите месечини – Јапет (во септември 1671 г.), Реја (во 1672 г.), Тетида и Диона (обете на 21 март 1684 г.). Во 1662 година изработил нови табели за следедење на годишното движење на Сонцето, ги набљудувал сенките на четирите галилееви месечини на Јупитер (1664) и го измерил неговиот период на ротација проучуваќи ги прстените и дамките на површината. Во 1666 го одредил и периодот на ротација на Марс, а потоа се обидел да го стори истото и за Венера.
Интересно е што и неговиот син Жак ќе стане астроном, а мисијата на НАСА којашто го проучуваше Сатурн и неговите сателити во периодот од 1997 до 2017 година, беше наречена Касини-Хајгенс. (Н.С.)
8.6.1992 – Формирана Агенцијата за заштита на природата на ОН
Во 1992 година на денешен ден беше формирана Комисијата за одржлив развој на ОН. Се работи за едно од најваните достигнувања на Меѓународниот самит за Земјата одржан во Рио де Женеиро во Бразил.
Агенцијата беше формирана како тело коешто ќе биде задолжено да ги следи и известува за имплементација на договорите од Самитот за Земјата на локално, национално, регионално и меѓународно ниво. Повеќе од 100 светски лидери ја потпишаа Рамковната конвенција за климатските промени и Конвенцијата за биолошки диверзитет, ја поддржаа Декларацијата од Рио и Шумските принципи, и ја усвоија Агендата 21, планот за постигнување одржлив развој во 21 век. (Н.С.)