Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 4.6.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 04.06.2021 - 17:30

Во денешниот времеплов бележиме 111 години од раѓањето на таткото на ховеркрафтот, сер Кристофер Кокрел и 2421 година од раѓањето. Исто така на денешен ден се навршуваат точно 238 години од првата јавна демонстрација на лет со балон на браќата Монголфие.

 

4.6.1910 – Роден е таткото на ховеркарфтот, Кристофер Кокрел

Кристофер Кокрел (Sir Christopher Cockerell) бил инженер електроничар во компанијата на Маркони од 1935 до 1950 година. Таму работел на воздухопловната навигациска опрема и радарот. Откако ја напуштил компанијата започнал сопствен бизнис со давање чамци под наем.

Во 1954 година го извел еден од клучните експерименти за развојот на ховеркарафтот. Во експериментот користел кујнска вага, лименки и правосмукалка, при што се уверил дека со создавање на постојано воздушно струење може да креира лоебдење на возилото.

Веќе следната година ќе го изработи од балза првиот работен модел на ховеркрафт којшто ќе користи мотор од модел на авион. Првиот прототип на ховеркрафт во реална големина , со ознака SR-N1, тежел цели 7 тона и можел да постигне брзина од 60 јазли. Во 1959 година прототипот го поминал каналот Ламанш со Кокрел на палубата.

Во 1968 година ќе започне редовниот сервис со превоз на патници преку Ламанш со ховеркрафт.(Н. С.)

 

4.6.1783 – Браќата Монголфие ја организираат првата јавна демонстрација на лет на балон

Французите Жозеф-Мишел и Жак Етјен Монголфие (Joseph-Michel and Jacques-Étienne Montgolfier), попознати како браќата Монголфие, се пионери во развојот на балонарството, поточно на летот со балон исполнет со топол воздух. Тие први извеле слободни летови со балон.

Летот на балонот исполнет со топол воздух траел сè на сè 10 минути, но засекогаш го зацртал местото на браќата Монголфие во историјата и развојот на воздухопловството. Секако, со текот на годините следеле измени и подобрувања на основниот дизајн на браќата Монголфие, што овозможило градба на поголеми балони, што повеќе години подоцна отвори пат кон можноста за истражување на горните слоеви од атмосферата. (Н. С.)

 

4.6.470 п.н.е. – Роден е Сократ

Атинскиот философ Сократ е еден од најзначајните мислители на стариот век и воопшто на Западната филозофска традиција. Бил учител на Платон, преку чиишто дела неговата мисла останала достапна и за идните генерации. Имено, Сократ не пишувал сметајќи дека книгата не отвора можност за директен дијалог. Во делата на Платон Сократ се јавува како еден од соговорниците. Но за Сократ знаеме и од делата на други мислители и писатели, негови современици. Аристотел го спомнува во некои од неговите дела, Ксенофонт ќе му ја посвети “Одбраната на Сократ”, а Аристофан ќе го вклучи неговиот лик во својата комедија “Облаци”.

Сократ се бавел со истражување на моралот, поточно разликувањето на добро и зло, а во своите истражувања се служел со методите на дијалектиката, односно со испрашување на соговорникот со помош на две методи – иронија и мајеутика. Познат е по неговата мисла “Знам дека ништо не знам”. Бил обвинет дека ја расипува младата популација и осуден на смрт со пиење на отров. (Н. С.)

Клучни зборови:
сер Кристофер Кокрел

сер Кристофер Кокрел 

сер Кристофер Кокрел

сер Кристофер Кокрел 

Графика со приказ на првата демонстрација на браќата Монголфие

Графика со приказ на првата демонстрација на браќата Монголфие

Жак-Етјен Монголфие

Жак-Етјен Монголфие

Жозеф-Мишел Монголфие

Жозеф-Мишел Монголфие

Сократ

Сократ