По повод Меѓународниот ден на светлината 16 мај, Фестивалот Сигнал и ласерските научници оваа година ќе го осветлат небото над Прага емитувајќи ласерски сноп со висок интензитет.
Фестивалот Сигнал заедно со ЕЛИ бимлајнс, истражувачки центар за ласерска технологија, ќе го прослават овогодинешниот Меѓународен ден на светлината со симболично “благодарам” до сите научници ширум светот.
Минималистичката инсталација се состои од ласерски сноп којшто симболично ќе се простира од ридот Петрин во центарот на Прага сè до седиштето на Академијата на науките на Чешката Република, осветлувајќи го небото над целиот град. Ласерскиот сноп ќе биде вклучен на 15 и на 16 мај од 20 часот до полноќ.
ЕЛИ бимлајнс (ELI Beamlines) е дел од проектот ELI (Extreme Light Infrastructure) project, a пан-европсла истражувачка инфраструктура којашто е дел од планот за Стратешкиот европски форум за истражувачака инфраструктура.
Обете институции сакаат на овој начин да одбележат 61 години од моментот кога американскиот физичар и инженер Теодор Мејман (Theodore Maiman) го создаде првиот ласерски систем на 16 мај 1960 година. Неговиот пронајдок донесе голем напредок не само во доменот на медицината, туки и во биологијата, телекомуникациите и термонуклеарната фузија. Во 2017 година УНЕСКО го назначи 16 мај како Меѓународен ден на светлината, а веќе од 2018 година овој ден се одбележува на сите континенти.
ELI Beamlines и Фестивалот Сигнал посакуваат со светлосниот сноп симболично да го привлечат вниманието кон сеопфатната улога којашто науката и научната дејност ја имаат во општеството во целост. Конечно, токму науката во основа го подобрува животот на нашата планета, а токму научниците се тие кои со нивната неверојатна посветеност, помагаат во надминување на глобалната пандемија од ковид-19.
Центарот ЕЛИ бимлајнс управува со најинтензивниот ласерски систем во светот. Со илтрависока моќност од 10 PW (петавати) и концентриран интензитет до 1024 W/cm2, центарот претставува уникатен извор за зрачни снопови и снопови од честици. Овие т.н. снопови линии (бимлајнс/beamlines) овозможуваат пионерски истражувања не само во физиката и материјалните науки, туку и во биомедицината и лабораториската астрофизика, но и во повеќе други научни полиња. Основан во 2018 година, Ласерскиот центар ЕЛИ бимлајнс е единствен врвен уред создаден за потребите на истражувачите во Чешка но и од секаде во светот – за корисниците кои спроведуваат практични истражувачки експерименти со употреба на ултраинтензивни ласерски системи (L1-L4), коишто се пуштаат постепено сè до целосната операбилност.
“Науката и техниката, заедно со уметноста и јавниот простор, се трите столба коишто ја дефинираат суштината на Фестивалот Сигнал. Низ годините соработувавме со голем број партнери од областа на техниката и секоја година претставуваме уметничко дело создадено со најновите технолофии. Фасцинирани сме од спојот на науката, техниката и уметноста, но истовремено им се восхитуваме на севкупниот придонес на ЕЛИ бимлајнс. Науката нè придружува секоја секунда од нашите животии. Токму затоа низ уметноста во јавниот простор сакаме да оддадеме почест на придонесот на науката за човештвото,” – изјави Мертин Пошта (Martin Pošta), директор на Фестивалот Сигнал.
Сигнал е фестивал на дигиталната и креативната култура. Ги поврзува визуелната уметност, урбаниот простор и современите технологии. Тој е еден од најпосетените културни настани во Чешка. Програмата вклучува реномирани странски и чешки уметници од облста на светлинскиот дизајн, визуелната и дигиталната уметност, ВИ и концептуалната уметност. Фестивалот има за цел да ги едуцира учесниците и посетителит. Тој ги сплотува историското минато на Прага со современите технологии во земјата. Ги поддржува најмладите генерации на локални уметници и беше и поттик за над седумдесет инсталации кои биле создадени специјално за овој фестивал. Покрај ова фестивалот организира и придружни настани за деца, професионалци и студенти, и соработува со голем број странски фестивали и културни институции.