Рубрика: Информатика
Пет причини поради кои би требало да плаќате со телефон
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 14.05.2021 - 15:15

Заборавете ги паричниците – еве зошто плаќањето со мобилни телефони е поедноставно и побезбедно

Повеќето од нас излегуваат од дома со три предмети – клучеви, паричник и смартфон. Но, за одење во продавница, ова трио е дополнително поедноставено со развојот на дигиталните плаќања, па поради истото за купување денес ви се потребни само клучеви и паметен телефон. Како што, според некои истражувања, една четвртина од времето додека сме будни го поминуваме на телефоните, не е изненадување што употребата на мобилните телефони за плаќање, станува сè популарна во целиот свет.

Можеби изгледа футуристички, но сега лесно можете да видите како вашите секојдневни активности стануваат поедноставни со извршување на сигурни, брзи и бесконтактни плаќања со паметниот телефон. Поради тоа, еве пет причини за оставање на паричниците дома и зошто треба да му се даде шанса на плаќањето со мобилен телефон.

 

Плаќање без допир

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги промени потрошувачките навики ширум светот. Една од причините зошто треба да го земете предвид плаќањето со паметен телефон е намалувањето на физичкиот контакт. Имено, плаќањето со мобилен телефон овозможува избегнување допир со било што, освен со сопствениот телефон – не мора да го типкате PIN-от на POS терминалот, доволно е само да го приближите мобилниот телефон кон читачот.

Од таа причина, за време на пандемијата значителен број граѓани од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија ја испробаа можноста за мобилно плаќање. Според податоците од регионалното истражување, кое компанијата Visa го спроведе на почетокот на оваа година, во просек од околу 25% од испитаниците започнале да ги користат мобилните телефони за плаќање во текот на пандемијата.

Мобилните паричници се побрзи

Мобилните паричници претставуваат брз начин на плаќање. Нема трошење време за пронаоѓање на готовина низ паричникот. Мобилните телефони овозможуваат брзина, која веќе ја познаваме од размената на текстуални пораки. За да ја користите услугата мобилно плаќање, потребно е да проверите со својата банка дали поддржува некои од дигиталните паричници, а потоа во дигиталниот паричник на својот телефон да ја додадете посакуваната картичка, со впишување на податоците или со фотографирање на картичката.

Штом еднаш го нагодите мобилниот паричник на својот паметен уред, подготвени сте за плаќање. Компанијата Visa. во соработка со банките, веќе со години ја нуди услугата за мобилно плаќање на Android уредите во Македонија.

 

Практично и едноставно

Уште една предност на мобилното плаќање е тоа што сè што ви е потребно го имате на телефонот – дури ни паричникот не треба да го носите со себе. Ова може да биде корисно доколку сакате да посетите некоја продавница или ако сакате ташната или паричникот да ги оставите дома.

Исто така, мобилниот паричник, за разлика од вистинскиот физички паричник, нема ограничување во поглед на бројот на картички коишто може да ги “собере”.

Безбедно е

Мобилното плаќање не само што е полесно туку, што е и најважно, е посигурно од плаќањето со готовина. Имено, кредитните картички се шифрирани и “сокриени” зад заклучениот екран на телефонот. Кога ја регистрирате својата картичка за плаќање со мобилниот телефон, вашите чувствителни податоци се заменуваат со виртуелен број на сметка, безбедно складиран “во облакот”.

Личните податоци, како и податоците за трансакцијата, не се проследуваат до други или трети лица, а дури ни telco провајдерот не ги знае податоците за вашата картичка. Сигурносната  технологија на токенизација, која ја користи Visa, ги заменува доверливите информации по пат на 16-цифрен број на сметка, со единствен дигитален идентификатор којшто се нарекува токен. Кога некој би го нашол токенот, тој не би можел да го искористи на друго место, сервис или уред, бидејќи истиот претставува единствена низа од цифри, кои се генерираат при секоја трансакција.

Дополнително PIN бројот на многу уреди, како и биометријата – покрај вашиот Face ID или Touch ID – нуди дополнително ниво на безбедност при мобилните плаќања. Во случај на кражба на телефон, биометриските податоци се нераздвојни од корисникот. Тоа значи дека никој освен вас не може да ја авторизира трансакцијата.

 

Можете да плаќате речиси секаде

Не е важно дали сте пред продавачот во маркет, во ресторан или, пак, нарачувате храна од дома, плаќањето со мобилен телефон денес е можно на сè повеќе места.

Доколку не сте сигурни дали продажното место поддржува плаќање со мобилен уред, на терминалот побарајте го симболот за бесконтактно плаќање, кое се појавува како странично Wi-Fi лого, понекогаш со рака која држи картичка до истото. Еднаш штом почнете да го барате ова лого, ќе видите дека го има речиси секаде. Затоа, при следното купување, без разлика дали се обидувате да го избегнете допирањето на POS терминалот или, едноставно, не сакате повеќе да носите готовина со себе, обидете се да платите со вашиот паметен телефон.

Паричниците можеби ќе станат минато за вас.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: