Рубрика: Омнибус
75 години на Sony
Автор: Димац Митковски
Објавено на 07.05.2021 - 18:00

Корпорацијата Сони Груп, попозната едноставно како Сони (SONY), е јапонска мултинационална конгломератна корпорација со седиште во Канан, Минато, Токио. Компанијата е еден од најголемите светски производители на електрониски уреди за професионална намена и за широка потрошувачка, најголем производител на конзоли за видеоигри, втор по големина издавач на видеоигри, втора најголема компанија за плочи, како и една од најсеопфатните медиумски компании. Со 50% удел во пазарот на сликовни сензори, Сони се уврстува и меѓу лидерите за продажба на полуспроводници, а од 2015 година компанијата е петти по големина производител на телевизори во светот, според годишните бројки за продажба. Таа е најголемиот играч во светот во доменот на премиум ТВ сетови – телевизори со големина на екранот од најмалку 55 инчи (140 сантиметри) и со цена повисока од 2500 американски долари.

Корпорацијата Сони Груп е холдинг компанија која заклучно со 2020 година обединува повеќе помаликорпорации – Корпорацијата Сони, Сони полсупроводнички решенија, Sony Pictures, Sony Music, Сони интерактивна забава, Сони финансиски холдинг итн. Вообичаено секој деловен сегмент има неколку соодветни сродни холдинг компании, кои се поврзани во сите деловни активности.

Компанијата била основана од Масару Ибука (Masaru Ibuka) и Акио Морита (Akio Morita) во 1946 година. Ибука, чијашто компанија Јапонски прецизни инструменти ja снабдувала со електронски уреди Царската јапонска армија, и Морита, инструктор за применети науки, се сретнале за време на Втората светска војна кога како инженери дизајнирале ракети. Во 1946 година, Масару Ибука отворил продавница за електроника со вкупно осум вработени, во Широкија, стоковна куќа во областа Нихонбаши во Токио. На 7 мај 1946 година, Акио Морита му се придружил на Ибука во основањето на заедничката компанија Токиска телекомуникациска инженерска корпорација односно Токио Цушин Когио (Tokyo Tsushin Kogyo), скратено Тоцуко.

Компанијата била основана од Масару Ибука (Masaru Ibuka) и Акио Морита (Akio Morita) во 1946 година како Tokyo Tsushin Kogyo, скратено Totsuko 

Така започнала една од „најпродуктивните врски на деловната историја“, како што ќе биде нарекувано нивното партнерство во следните 40 години. Генијот на Ибука за развој на производот и мајсторството на Морита за деловно управување и маркетинг, го претвориле Сони во еден од најпознатите брендови во светот. Покрај тоа, Сони ќе одигра голема улога во развојот на Јапонија како моќен извозник, во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години од минатиот век.  Исто така, брендот ќе ги преформулира американските сфаќања за производите со назнака Направено во Јапонија“. Брендот ќе стане познат по својот квалитет на производство, што ќе му овозможи неговите производи за широка потрошувачка да бидат поскапи а сепак барани.

Сони, станало официјално име за компанијата во јануари 1958 година. Името за брендот било избрано како мешавина од два збора – латинскиот збор „сонус“ (звук), а другиот бил „сони“, американски сленг термин од 1950-тите за младо момче.

Првиот потрошувачки производ на компанијата бил електричен самовар за ориз. Иако овој производ слабо се продавал, компанијата имала успешна деловна активност за поправка на радија и друга електрична опрема. Нејзината работа за сервисирање на јапонскиот јавен радиодифузер (NHK) морала да биде одобрена од американската окупациска армија, а овој ангажман подоцна на младата компанија и овозможил отворање на сопствени работни места. Во 1950 година, Тоцуко го претставила првиот магнетофон, Type-G, дизајниран во Јапонија, но и оваа потрошувачка ставка не се продавала добро.

Првите два производи од Сони – електричен самовар за ориз и првиот јапонски снимач магнетофон, поминуваат без некој поголем комерцијален успех

Во 1952 година Ибука ги посетил САД и ги воспоставил првичните контакти за лиценцирање на транзисторски приемник од Лабораториите на Бел, оддел на компанијата Вестерн електрик, производствениот дел на АТ&Т (Американскиот телефон и телеграф). Следната година и Морита отишол во САД и го потпишал договорот со Вестерн електрик. Овој договор довел до првата исклучително успешна линија на производи на Тоцуко транзисторски радија. Иако Texas Instruments Incorporated бил прв на пазарот со своето транзисторско радио Regency во 1955 година, џебните радија Sony TR-63 од 1957 година, биле огромен успех и донеле меѓународно признание на компанијата.

Џебното транзисторско радио на Сони TR-63 од 1957 година, првиот успешен производ на Сони на светско ниво

До 1960 година бизнисот во САД го поттикнал создавањето на Sony Corporation of America, со седиште во Њујорк. Кога компанијата ја отворила својата продавница на Петтата авенија во 1962 година, се развиорило првото јапонско знаме во САД од почетокот на Втората светска војна. На Светскиот саем во Њујорк во 1964 година, Сони го претставил МД-5, првиот потполно транзисторизиран десктоп калкулатор.

Во услови на глобална рецесија во раните 1980-ти, продажбата на електроника опаднала и компанијата била принудена да ги намали цените. Профитот на Сони нагло опаднал. Во тоа време, Норио Ога (Norio Ohga), претседателот на компанијата Сони корпорација на Америка, ја презел улогата на претседател на Сони. Тој го охрабрил развојот на компакт дискот во 1970-тите и 1980-тите и на PlayStation во раните 90-ти.

Раните 90-ти години на минатиот век повторно биле тешки години за Сони. Јапонската економија влегла во рецесија, а основачите Ибука (1908 – 1997) и Морита (1921 – 1999) претрпеле мозочни удари (во 1992 и 1993 година, соодветно). Сони ја прогласил својата прва загуба, над 200 милиони американски долари, во 1993 година. И покрај деловните превирања, Сони продолжил да дизајнира и испорачува нови производи. Во 1994 година, одделот за забава ја претставил својата конзола за видеоигри PlayStation на јапонскиот пазар. До 2002 година, единицата за игри придонесувала со повеќе од 10 проценти од годишните приходи на компанијата. Друг голем извор на профит бил Sony Online Entertainment, особено нејзината онлајн игра со виртуелна реалност EverQuest. Забавната група на компанијата исто така ја освоила фантазијата на многу луѓе со своето роботско куче, AIBO, претставено во 1999 година.

Во 2005 година, по понатамошните разочарувачки годишни финансиски извештаи, Хауард Стрингер (Howard Stringer) од Sony Corporation of America бил унапреден за Претседател и главен извршен директор на целокупната Сони Корпорација. Иако назначувањето на не-Јапонец на чело на матичната компанија изненадило многумина, околу две третини од вработените на Сони ширум светот не биле Јапонци. Во обид да го оживее Сони, Стрингер се фокусирал на рационализација на операциите и намалување на трошоците. Компанијата продолжила да се бори, објавувајќи рекордни загуби, бидејќи клучниот сектор на потрошувачи на електроника се намалил. Во 2012 година Стрингер се повлекол од своите функции и бил наследен од Казуо Хираи (Kazuo Hirai), извршен директор во одделот за видеоигри на компанијата. Набргу потоа, Хираи ја истакнал својата иницијатива наречена Еден Сони“, за заживување на компанијата од долгогодишните финансиски загуби и бирократската структура на управување, што се покажало тешка цел за остварување за поранешниот извршен директор Стрингер, делумно поради разликите во деловната култура и мајчините јазици помеѓу Стрингер и некои од јапонските подружници на Сони. Хираи навел три главни области на фокус за електронскиот бизнис на Сони, кои вклучувале технологија за сликање, игри и мобилна технологија, како и фокус на намалување на најголемите загуби од телевизискиот бизнис. Под негово раководство, Сони се концентрирал на потрошувачката електроника додека преземал бројни мерки за намалување на трошоците, вклучително и намалување на бројот на вработени и продажба на разни недвижнини. Во 2013 година Сони го продал и своето седиште во Њујорк за повеќе од една милијарда долари.

Најпознат по своите електронски производи, Сони нуди широк спектар на производни линии во многу области. На својот врв, тој бил нарекуван „корпоративен октопод“, заради големите и разновидни вложувања – од приватно осигурување, хемикалии и козметика, сè до расторани со самопослужување во Токио, покрај неговите основни бизниси како електроника и забава. Дури и откако отфрлил многу деловни единици, вклучувајќи ги Sony Chemicals и Vaio Computers, Сони сè уште има повеќе деловни сегменти. Навистина неблагодарна работа е да се набројат сите производи или стандарди кои досега ги лансирал Сони. Но, еве некои, колку за потсетување:

 

Визуелен дисплеј

Во 1968 година компанијата го претстави својот прв телевизор во боја Тринитрон. Комерцијалниот патент за технологијата во Тринитрон го одржувале сè до 1996 година.

Во 2004 година Сони ja претставил сопствената технологија Triluminos Display, којашто овозможувала подобрување на репродукцијата на боите, а била вградена во првите LCD-телевизори со заднинско LED осветлување. Технологијата била користена и во многу од другите производи на Сони – компјутерски монитори, лаптопи и паметни телефони. Во 2013 година е претставена нова линија телевизори со подобрена верзија на технологијата, која вградува „квантни точки“ (quantum dots) во системот за заднинско осветлување. Ова е прва комерцијална употреба на квантни точки. Во 2012 година, компанијата прави прототип на ултрафин RGB LED дисплеј, што ќе го нарече Кристален LED дисплеј.

TV8-301, првиот црно-бел ТВ приемник во светот целосно транзисторизиран (1959).

 

Видео снимање

До 1971 година, 40 проценти од јапонските домаќинства имале телевизори во боја, така што Сони го вовел првиот видео рекордер за видео во боја. Сони го воведува ЈУ-матик (Umatic), првиот формат на видеокасети во светот, во 1971 година, но стандардот бил непопуларен за домашна употреба поради високата цена. Компанијата последователно го започнува форматот Бетамакс (Betamax) во 1975 година. Во раните 80-ти години Сони ќе се впушти во војна на видеостандардитеза видео ленти. Имено, тие го пласираат системот Бетамакс за видеокасети како пандан на форматот VHS развиен од JVC. Но, на крајот VHS стандардот ќе добие критична маса во пазарната база и ќе стане  светски стандард за видео снимачите наменети за широка потрошувачка. Од друга страна, видеоформатот на Сони кој е професионално ориентиран, Betacam  (потекнува од Betamax), ќе се користи сè до 2016 година, кога Сони ќе објави дека го прекинува производството на сите преостанати 1/2-инчни видео-магнетофони и плеери, вклучувајќи го и форматот Digital Betacam.

Прототипот на Sony Mavica како прва електронска фотографија во светот  и го издава на потрошувачкиот пазар во 1988

 

Аудио кодирање

Во 1993 година, Sony го предизвикува индустрискиот стандарден формат на опкружувачки звук Dolby Digital 5.1 со нов и понапреден дигитален аудио формат за движење на слики, наречен SDDS (Sony Dynamic Digital Sound). Овој формат користи осум канали (7.1) аудио, наспроти само шест користени во Dolby Digital 5.1 во тоа време. Но, подоцна и SDDS во голема мера бил засенет од DTS (дигитален театарски систем) и Dolby Digital, стандарди во индустријата за филмови.

Сони и Филипс заеднички го развиле форматот на дигитален интерфејс Сони-Филипс (S / PDIF) и аудио системот со голема верност SACD. Сепак, ниту еден од нив не се здобил со главно место во пошироката јавност. CD-ата биле претпочитани од потрошувачите заради сеприсутното присуство на CD-погони во уредите за широка потрошувачка до раните 2000-ти кога беа достапни iPod и стриминг услугите.

 

Оптички запис на податоци

Сони демонстрирал своја верзија за оптички дигитален аудио диск во 1977 година. Наскоро ќе започнат соработка со компанијата Филипс, која претставила многу попрактично решение, а од оваа соработка ќе произлезе светскиот стандард за компакт дискот – CD. Првиот репродуктор за компакт дискови (CD) се појавил во 1982 година, дел од договорот за развој помеѓу Сони и холандскиот производител Филипс Електроникс НВ. Сони обезбедил технологија за имплусно-кодна модулација (PCM), којашто ја комбинирале со ласерскиот систем на Филипс.

Во 1984 година, Sony ја лансира серијата Discman, проширување на брендот Walkman, за преносни CD репродуктори. Сони започнува да ги подобрува перформансите и капацитетот. Во 1986 го лансира решението за оптички дискови за еднократно запишување (WO – Write only), а во 1988 година и магнето-оптичкиот диск со големина од околу 125 MB со специфична намена за складирање на архивски податоци.

Во раните 90-ти, се развиваат два стандарди за оптичко складирање со висока густина: едниот е мултимедијален компактен диск (MultiMedia Compact Disc – MMCD), поддржан од Филипс и Сони, а другиот е диск со голема густина (Super Density Disc – SDD), поддржан од Тошиба и други. Филипс и Сони се согласуваат да го напуштат својот формат MMCD и го прифаќаат SD форматот на Toshiba со само една измена. Унифицираниот формат на дискот е наречен DVD (Digital Video Disc) и е претставен во 1997 година.

Сони бил еден од главните креатори на форматот Blu-ray, најновиот стандард за висококвалитетен запис на оптички дискови. Првите Blu-ray репродуктори се  комерцијално достапни во 2006 година. Форматот се појавува како стандард за HD медиуми во однос на конкурентскиот формат, HD DVD на Тошиба, по двегодишна војнасо оптичкиот диск со висока дефиниција.

Ласерските комуникациски уреди на Сони се потпираат на технологиите развиени за производите со оптички дискови на компанијата.

 

Дискови за складирање на податоци

Во 1983 година Сони ги претставува микро дискетите, попознати како флопи дискови од 3,5 инчи (88,9 mm). Дисковите ги развива во време кога постоеле 4-инчни дискети и многу варијации од различни компании, а со цел да ги заменат тогашните 5,25-инчни флопи дискови. Сони постигнува голем успех и форматот од 3,5-инчи флопи дискови станува доминантен, а компанијата ќе има повеќе од 70% удел на пазарот кога ќе реши да го повлече производството на форматот во 2010 година.

 

Флеш меморија

Во 1998 година, Сони го промовира форматот Memory Stick, флеш (Flash) мемориските картички за употреба во линиите на дигитални фотоапарати и преносни музички репродуктори на Сони. Забележана е мала поддршка надвор од производите на Сони, со сигурни дигитални картички (SD – Secure Digital cards) кои имаат значително поголема популарност. Сони прави ажурирања на форматот Memory Stick со Memory Stick Duo и Memory Stick Micro.

 

Комуникација

Сони ја претстави FeliCa, технологија за бесконтактна ИЦ-картичка, главно користена при бесконтактно плаќање, како резултат на заедничкиот развој и комерцијализација на технологијата за комуникација во блиско поле (Near-field Communication – NFC) со Филипс. Стандардот се нуди претежно во две форми – чипови вградени во паметни телефони или чипови вградени пластични картички. Сони планира да ја имплементира оваа технологија во системите за возови низ цела Азија.

Во 2019 година, го лансира ELTRES, сопствен стандард на компанијата за безжична комуникација во широк простор со ниска моќност (LPWAN).

 

Аудио

Сони го издал првиот преносен музички репродуктор (плеер) во светот, Вокмен (Walkman), во 1979 година, во комплет со слушалките MDL-3L2. Оваа линија поттикнува фундаментална промена во навиките за слушање музика дозволувајќи им на луѓето да носат музика со себе и да слушаат музика преку лесни слушалки. Иако инженерите на Сони биле скептични во однос на дизајнирањето уред што може  само да репродуцира и да не снима, Морита инсистирал на развој на производот, велејќи дека ќе даде оставка доколку Вокменот не успее. И тој станал меѓународна сензација. На крајот се продале стотици милиони примероци. Првично се користел за преносни плеери на аудио касети, а по воведувањето на плеери со оптички дискови, брендот Discman се користел до крајот на 90-тите години на минатиот век. Во 1999 година биле претставени првите преносни дигитални аудио плеери на Сони; едниот е репродуктор кој користи Memory Stick флеш меморија, а другиот помал репродуктор со големина на пенкало со вградена флеш меморија создаден од одделот за компјутери Vaio. И двете решенија се придружени со технологијата на Сони за заштита на авторските права OpenMG и компјутерски софтвер за пренос на музика.

Во 1987 година, ја лансира 4 mm DAT или дигитална аудио лента како нов стандард за дигитална аудио лента.

Сони е голем производител на аудио производи, но и еден од актуелните лидери на полето на технологијата за производство на слушалки за поништување на бучавата.

 

Видео

Во 1959 година Сони го произведе TV8-301, првиот целосно транзисторизиран црно-бел ТВ приемник во светот.

Во 1968 година, компанијата го воведува името на брендот Тринитрон за своите линии на телевизори со катодна цевка со решетка, а потоа и за новните компјутерски монитори. По низа години го запира производството на Тринитрон за повеќето пазари, но продолжува да произведува комплети за пазари како Пакистан, Бангладеш и Кина. Сони ја прекинува својата серија на компјутерски монитори Тринитрон во 2005 година, а последниот телевизиски сервис со седиште во САД на ќе го затвори на почетокот на 2007 година. Крајот на Тринитрон го означува крајот на производството на аналогни телевизори и монитори на Сони.

Името LCD WEGA било користено за LCD телевизори до летото 2005 година. Потоа, компанијата го воведува името BRAVIA. BRAVIA е внатрешен бренд во сопственост на Сони кој произведува LCD телевизори со висока резолуција, телевизори за проекција, домашни кина. Во 2006 година, Sony го губи деценискиот удел бр. 1 на глобалниот телевизиски пазар. Во ноември 2007 година, Sony XEL-1, првата OLED телевизија, се појавува на пазарот и се произведува две години. Подоцна во 2013 година, Сони го демонстрира првиот 4K OLED телевизор. Од 2012 година, Сони е третиот најголем производител на телевизори во светот, но деловната единица била непрофитабилна осум последователни години. Од 2011 година, Сони започнува со реструктуирање на својот телевизиски бизнис што носи загуби, главно со намалување на деловните единици и аутсорсинг на производството на панели.

 

Фотоапарати и камери

На 25-ти август 1981 година, Сони го претставува прототипот на Sony Mavica како прва електронски фотоапарат во светот. Апаратот ќе биде пуштен во продажба дури во 1988 година. Mavica (Magnetic Video Camera – магнетна видео камера) беше марка на фотоапарати кои користат изменливи дискови, како главен медиум за снимање. За време на доцните 1990-ти и раните 2000-ти, Сони повторно ќе го употребува името Mavica за голем број дигитални (наместо за аналогни) фотоапарати кои користеа стандарден флопи диск од 3,5 инчи или CD-R медиум од 8 см за складирање.

Сони нуди широк спектар на дигитални фотоапарати. Неговите модели, таканаречените „насочи и сликај“ (point-and-shoot) го прифаќаат името Cyber-shot (претставен во 1996 година), додека дигиталните рефлексни модели со  Single Lens Reflex (SLR) конструкција се брендирани со името Alpha. Сони влегува на пазарот за дигитални рефлексни SLR фотоапарати во 2006 година кога го купува бизнисот со фотоапарати на Коника Минолта (Konica Minolta) и ја ребрендира низата на фотоапарати на компанијата како Alpha линија. Сони е трет најголем производител на фотоапарати во светот, зад Канон и Никон. Уделот на Сони на пазарот на дигитални фотоапарати падна од високи  20% на 9% до 2005 година.

Сони ги лансира своите производи со Handycam и форматот Video8, (1985)

Исто така, произведува акциони камери и видеокамери (camcorders), со производи од кино-одделението на компанијата што се продаваат под името CineAlta. CineAlta камерите се серија на професионални дигитални камери кои имаат карактеристики на аналогните 35-милиметарски филмски камери.          

Во 1985 година, Сони ги лансира своите производи со Handycam и форматот Video8, заменувајќи ја претходната линија на модели, а името е наменето да се нагласи „пригодната“ природа на камерата со големина на дланка, овозможена со новиот формат на минијатуризирана лента . Ова е во значителен контраст со поголемите, поставени на рамото уреди достапни пред создавањето на Video8, и конкурентските помали формати, како што е VHS-C.

 

Компјутери

Сони произведуваше компјутери (домашни компјутери MSX и работни станици за вести) во текот на 80-тите години на минатиот век, а се повлече од компјутерскиот бизнис околу 1990 година. Но, подоцна Сони повторно ќе влезе на глобалниот пазар на компјутери со новиот бренд VAIO. Во 1997 година, Сони ја вовел линијата за персонални компјутери VAIO – висококвалитетен и скап систем примарно наменет за корисниците заинтересирани за развој или играње мултимедијални програми. Сони се соочи со значителни контроверзии кога некои од неговите батерии за лаптоп експлодираа и се запалија во 2006 година, што резултираше во најголемото повлекување на компјутерите во историјата.

Во обид да се приклучи на пазарот на таблет компјутери, компанијата ја лансираше својата линија Андроид таблети  – Сони таблет, во 2011 година. Од 2012 година, Андроид производите на Сони се продаваат под марката „Xperia“ што се користи за нејзините паметни телефони.

На 4 февруари 2014 година, Сони објавува дека ќе го продаде својот бизнис со компјутери VAIO поради лошата продажба и јапонската компанија Japan Industrial Partners (JIP) ќе ја купи марката VAIO, со зделката финализирана до крајот на март 2014 година.  Од 2018 година, Сони одржува 5% од акциите во новата, независна компанија.

 

Мобилни телефони

Во 2000 година, Сони бил маргинален играч на пазарот на мобилни телефони со учество од помалку од 1 процент. Во 2001 година, влегува во заедничко вложување со шведската компанија за телекомуникации Ериксон, формирајќи ја Мобилни комуникации Сони Ериксон. Почетната продажба била огромна, а компанијата бележи загуби во 2001 и 2002 година. Сепак, Сони Ериксон остварува профит во 2003 година. Компанијата се истакнува со мобилни телефони способни за мултимедија, кои вклучуваат карактеристики како што се камери што било невообичаено во тоа време. И покрај нивните иновации, Сони Ериксон се соочува со силна конкуренција на Ајфон на Епл, промовиран во 2007 година. Од 2008 до 2010 година, во услови на глобална рецесија, ја намалува својата работна сила за неколку илјади. Во 2009 година, Сони Ериксон бил четврти по големина производител на мобилни телефони во светот (по Нокиа, Самсунг и ЛГ). До 2010 година, нејзиниот удел на пазарот паѓа на шесто место. Сони го купува уделот на Ериксон во овој потфат во 2012 година за над една милијарда американски долари. Од тогаш, Sony Mobile се фокусира исклучиво на пазарот на паметни телефони под марката Xperia. Sony Xperia Z, претставен и објавен во 2013 година е првиот паметен телефон со Full HD дисплеј.

Во 2013 година, Сони придонесува за околу два проценти од пазарот на мобилни телефони со продадени 37 милиони мобилни телефони. Продажбата на Sony Mobile го достигнува својот врв во 2014 година со 40 милиони телефони. Обемот од тогаш се намалува  до 3,2 милиони телефони во 2019 година.

 

Роботика

Од крајот на 90-тите години, Сони промовира бројни роботи, вклучително и роботи во форма на куче, наречени AIBO (1999), робот што свири музика, наречен Роли и хуманоиден робот, наречен QRIO. И покрај тоа што е пионер во оваа област, Сони престана да работи со роботика заради финансиските тешкотии, сè додека не одлучи да ја оживее во 2016 година.

Во 2015 година, Сони соработува со стартување на автономно возење ZMP INC и за надзор и извидување на беспилотни летала, со име Аеросенс. На CES (Consumer Electronics Show) 2021, Сони претставува дрон со марката Airpeak, најмалиот од ваков вид што може да вгради Sony Alpha камера, влегувајќи за првпат во бизнисот со беспилотни летала.

Роботско куче, AIBO, претставено во 1999 година.

 

Полуспроводнички решенија (Semiconductor Solutions)

Сони ги влече своите корени во работата со полупроводници уште од 1954 година, кога станува првата јапонска компанија која го лиценцира, а потоа и комерцијализира транзисторот како елемент. Уште повеќе, во 1957 година, вработениот во Сони, Лео Есаки и неговите колеги измислиле тунелна диода (наречена и диода Есаки) со која го откриле ефектот на квантно тунелирање во цврсти материи, за што Есаки ја добил Нобеловата награда за физика во 1973 година.

Почнувајќи од 2020 година, компанијата, преку својата деловна единица Sony Semiconductor Solutions, дизајнира, произведува и продава широк спектар на полупроводници и електронски компоненти, вклучувајќи сензори за слика (HAD CCD, Exmor), процесори за слика (BIONZ), ласерски диоди, LSI на системот, LSI на мешан сигнал, складирање на меморија, дисплеи (microLED, microOLED и холографски дисплеј), мулти-функционален микро компјутер (SPRESENSE) итн. Од 2019 година, Сони станува најголемиот светски производител на СМОS сензори за слика бидејќи нивните чипови се широко користени во дигитални фотоапарати, таблет компјутери и паметни телефони.

 

Услуги за игри и мрежи (Sony Interactive Entertainment)

Sony Interactive Entertainment (порано Sony Computer Entertainment) со седиште во Сан Матео, Калифорнија е најпознат по производство на популарната линија на конзоли за играње PlayStation. Резултатот е произлезен од неуспешно партнерство со Nintendo. Првично, Nintendo побарал од Sony да развие додаток за својот SNES. Во 1991 година Сони го објавил додатокот, како и наменската конзола позната како „Play Station“. Сепак, несогласувањето околу лиценцирањето на софтверот за конзолата предизвика партнерство да пропадне, а Сони потоа го продолжува проектот независно. Лансиран во 1994 година, првиот PlayStation добил 61% од глобалната продажба на конзоли и го прекинува долгогодишното водство на Nintendo на пазарот. Сони се надоврза со PlayStation 2 во 2000 година, која била уште поуспешна. Конзолата станала најуспешна на сите времиња, продавајќи над 150 милиони единици заклучно со 2011 година. Сони ја објавил и PlayStation 3, конзола со висока дефиниција.Го проширил брендот на пазарот на преносни игри во 2004 година со PlayStation Portable (PSP). Конзолата е продадена разумно, но го зазела второто место по вечниот ривал, Nintendo DS. Се појавува рачната видео конзола за игри PlayStation Vita, во 2011 и 2012 година, потоа четврта конзола, PlayStation 4, на 15 ноември 2013 година, која заклучно со 31 декември 2017 година е продадена во 73,6 милиони единици на глобално ниво.

На 18 март 2014 година, Шухеи Јошида (Shuhei Joshida) ја објавува својата нова технологија за виртуелна реалност наречена Проект Морфеус (Project Morpheus), а подоцна именувана како PlayStation VR, за PlayStation 4. Според извештајот објавен од фирмата за консултантски услуги за патенти со седиште во Хјустон, LexInnova, во мај 2015 година, Сони води во натпреварот за патенти за виртуелна реалност. На 31 март 2019 година, објавен е наследникот на PlayStation 4 и на 12 ноември 2020 година, PlayStation 5 се појавува во Северна Америка, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур. По завршувањето на првиот фискален квартал, Сони продава 4,5 милиони конзоли на PlayStation 5, во чекор со најпродаваната конзола на сите времиња, PlayStation 2.

 

Сони забава (Sony Entertainment)

Sony Entertainment има две поделби: Sony Pictures Entertainment и Sony Music Group (Sony Music Entertainment, Sony Music Publishing). Сони во САД претходно поседувал и управувал со Sony Trans Com: технолошки бизнис што обезбедувал забавно програмирање во текот на летот, како и опрема за репродукција на видео и аудио за авионската индустрија.

Sony Pictures Entertainment Inc. (SPE) е единица за производство и дистрибуција на телевизија и филм. Со 12,5% удел на благајните во 2011 година, компанијата била рангирана на третото место меѓу филмските студија. Продажбата на нејзината група во 2010 година била 7,2 милијарди американски долари. Компанијата произвела многу забележителни филмски франшизи, вклучувајќи ги Спајдермен, Карате Кид и Мажи во црно. Исто така, ги произвела и популарните телевизиски игри Загрозување (Jeopardy) и Тркало на среќата” (Wheels of Fortune).

Sony Music Entertainment (позната и како SME или Sony Music) е најголемата глобална музичка компанија за снимање музика основана во 1991 година со седиште во Њујорк, САД. Во 1988 година за 2 милијарди американски долари ја купиле CBS Records Group од CBS Inc. со што Сони се здобил со најголемата светска компанија за снимање. Покрај својата издавачка куќа, Сони работи и со други музички бизниси. Во 1995 година, Сони го споил својот издавач со музичкото издание ATV на Мајкл Џексон, формирајќи музичко издание Sony / ATV. Во тоа време, издавачката компанија е втора по големина од ваков вид во светот. Компанијата ги поседува правата за објавување на над 4 милиони композиции, вклучувајќи го каталогот Ленон-Мекартни на Битлси, Боб Дилан, Еминем, Лејди Гага, Сем Смит, Ед Ширан и Тејлор Свифт. Во 2012 година, Сони / АТВ се здобил со мнозински удел во ЕМИ музичко издаваштво, со што станува најголемата компанија за музичко издаваштво во светот. Во 2018 година, го откупува и остатокот од акциите, правејќи ја во целосна сопственост на подружницата.

 

Анимации

Влегувањето на Сони во јапонската анимација, или аниме, деловно се случува во 1995 година кога компанијата Sony Music Entertainment Japan (SMEJ) го основа Aniplex како своја подружница која управува со креативни продукции. Оттогаш, преку групни и меѓународни потфати, Сони ја зацврстува својата позиција во индустријата, издигнувајќи го бизнисот на она што се нарекува „четвртиот столб на своето портфолио за забава“.

 

Финансиски услуги (Sony Financial Holdings)

Sony Financial Holdings е холдинг компанија за деловни со финансиски услуги со седиште во Токио, Јапонија. Во неа се вклучени Sony Life (во Јапонија и Филипини), Sony Assurance, Sony Bank, итн. Единицата се покажала како најпрофитабилна од деловните активности на Сони во 2005, заработувајќи 1,7 милијарди долари профит.

 

Електрични возила и батерии (Sony Energy Devices Corporation и Sony Vision-S)

Компанија која стои зад комерцијализацијата на литиум-јонските батерии, Сони ја истражуваше можноста за производство на батерии за електрични возила. Во 2014 година, Сони учествува во рамките на програмата NRG Energy eVgo, за паркиралишта за полнење ЕВ. Сепак, компанијата тогаш одлучила да го продаде својот бизнис со литиум-јонски батерии на Murata Manufacturing во 2016 година. Во јануари 2020 година на Саемот за потрошувачка електроника, Сони го претставува концептот на електричен автомобил, наречен Визија-С, дизајниран во соработка со производителот на компоненти Magna International.  По тој повод, Сони ја истакнува својата цел за развој на технологија за автомобилскиот сектор, особено во врска со автономното возење, сензорите и забавата во автомобилот.

 

Покрај сите турбуленции, од јули 2020 година, Сони, е една од најголемите јапонски компании според пазарната капитализација и оперативниот профит, проценета е на над 90 милијарди долари. Во истиот период, таа е призната и како најбогата јапонска компанија со готовина, со нето парични резерви од 1,8 трилиони фунти.

Клучни зборови:
Џебното транзисторско радио на Сони TR-63 од 1957 година, првиот успешен производ на Сони на светско ниво

Џебното транзисторско радио на Сони TR-63 од 1957 година, првиот успешен производ на Сони на светско ниво

Norio Ohga при преетставување на првиот Discman

Norio Ohga при преетставување на првиот Discman

TV8-301, првиот црно-бел ТВ приемник во светот целосно транзисторизиран (1959).

TV8-301, првиот црно-бел ТВ приемник во светот целосно транзисторизиран (1959).

Прототипот на Sony Mavica како прва електронска фотографија во светот  и го издава на потрошувачкиот пазар во 1988

Прототипот на Sony Mavica како прва електронска фотографија во светот  и го издава на потрошувачкиот пазар во 1988

Сони ги лансира своите производи со Handycam и форматот Video8, (1985)

Сони ги лансира своите производи со Handycam и форматот Video8, (1985)

Дигитални фотоапарати така наречени точка-и-снимање (point-and-shoot) го прифаќаат името Cyber-shot  (1996)

Дигитални фотоапарати така наречени точка-и-снимање (point-and-shoot) го прифаќаат името Cyber-shot  (1996)

Xperia X1,прв уредод програмата Xperia (2008)

Xperia X1,прв уредод програмата Xperia (2008)

Лево: Оригинален PlayStation 2 со вертикален држач Десно: Slimline PlayStation 2 со вертикален држач, мемориска картичка од 8 MB и контролер DualShock 2 (2000)

Лево: Оригинален PlayStation 2 со вертикален држач Десно: Slimline PlayStation 2 со вертикален држач, мемориска картичка од 8 MB и контролер DualShock 2 (2000)