За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи накусо ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
3. Last Pass – памети за вас и за вашите уреди
Верувам дека секому лозинките му претставуваат слаба точка. Порано требаше да запаметите само мал број лозинки, но сега веројатно веќе користите голем број онлајн услуги и веб-страници до кои пристапувате со уникатни лозинки кои условно мора да содржат некоја тешката комбинаци од големи и мали букви, броеви и специјални знаци. Не можете да ги запомните сите, нели? Но затоа постојат и апликации како LastPass кои ќе го направат тоа за вас.
LastPass апликацијата е достапна е за рeчиси сите оперативни системи – Windows, Mac, Android, iOS. Апликацијата работи на тој принцип што генерира силни и безбедни лозинки кои се достапни од кој било уред што го користите со што се овозможува да се најавите од каде било. Но, тоа не е сè, како велат телемаркетерите ;). Апликацијата ќе ви овозможи да ги запомните и деталите за плаќање и испорака при онлајн нарачки и купувања.
Основната верзија на LastPass е бесплатна за користење а ќе ви заштеди многу време кое инаку би го поминале чекајќи да ги ресетирате заборавените лозинки. За оние со повеќе побарувања секако постои и понапредната верзија, која како и кај сите нешта, се плаќа.
LastPass ги отстранува ќе ви дозволи да се вратите на работите што најмногу ги сакате бедијќи еднаш запаметената лозинка LastPass ја чува сè дури не треба да се промени, а ја имате секогаш кога ќе ви затреба, при што пријавувањето е брзо и едноставно. Кога сте подготвени да се пријавите, вашиот профил ќе ги пополни сите детали за вашата исплата и испорака. Вградениот генератор на лозинки создава долги, рандомизирани лозинки, кои штитат од хакерски упади.
Од друга страна доколку треба некому да испратите лични податоци, како матичен број или лозинката за пристап до некој специфичен документ или корисничка сметка, LastPass овозможува безбедно и едоставно да ја проследите информацијата до онаа личност на која таа и е потребна. Апликацијата има можност за означување на контакти во случај на незгода, на кои ќе им биде одобрен пристапот до вашата сметка на LastPass во случај на некоја вонредна состојба или криза.
Ако сакате и самите да се уверите во корисноста на LastPass апликацијата може да ја преземете од lastpass.com , GooglePlay или од Appstore на Епл.