за вистинско аудио присуство и дефиниција во вашите снимки
Повеќето микрофони се поврзуваат преку USB со компјутери, но Sennheiser MKE 200 е дизајниран првенствено за поврзување со фотоапарати/камери и за телефони. Ова микрофонот го прави идеален за поддршка на "спонтаното" правење видеозаписи со помош на вашите преносни уреди. Вашите аматерски снимки со него добиваат "фер" можност за фаќање на речиси професионален аудиозапис на сите битни моменти забележани со помош на вашата камера/фотоапарат или телефон
Секој МКЕ 200 вклучува и TRS и TRRS кабли од 3,5 mm што овозможува нивно користење со дигиталните рефлексни камери со една леќа (Digital single-lens reflex camera - DSLR camera) и со безогледалните фотоапарати или мобилни уреди. Врската за приклучокот на микрофонот има механизам за заклучување, така што кабелот не може да се исклучи одеднаш. Покрај ова, постои и вградена заштита од удари.
Се работи за мошне прифатлива опција за снимање аудио во движење или во средини со бучава. Насочената суперкардиоидна карактеристика на микрофонот го прави идеален за снимање на звукот пред уредот и за отфрлање на шумовите или бучавата од заднината и странично. Kондензаторската капсула обезбедува опсег на фреквенции од 40 Hz до 20 kHz, во суперкардиоидна шема. Ова ќе биде значително подобрување во однос на вградениот микрофон кај повеќето уреди. Максимален звучен притисок од 120 dB, осетливост од -33 dB V/Pa, еквивалентно ниво на шум 20 dB SPL (A).
Црниот MKE 200 има димензии 69 x 60 x 39 mm, исклучително е лесен – 48 g, и има вграден држач за лесно, брзо прицврстување на уредите. Цилиндричната обвивка е налик на метална решетка. Нема прекинувачи или копчиња, што ја прави работата едноставна, но потребно е познавање на менито за аудиопоставки на уредот, со цел да се добие идеално ниво на снимање.
Постои интегрирана заштита од ветер и апсорпција на удари. Може да се искористи и вклучениот додаток на крзнена заштита за максимално обезбедување од ветер. Овие две одлики комбинирано обезбедуваат најчисти аудиозаписи додека се снима видео во движење.
Работи без батерии, а напојувањето (2 – 10 V) го добива од уредот на кој се приклучува.
Со прифатлива цена од 99,95 американски долари, микрофонот МКЕ200 побудува голем интерес во однос на квалитетот што го нуди.