До овој момент, 29 ноември 2020, објавени се 21 клиничкa студија за ивермектин против ковид-19. Од нив, 8 се рандомизирани, а 13 се ретроспективни или нерандомизирани испитувања. Сите 8 рандомизирани студии известуваат за позитивни ефекти, со вкупно проценето намалување на релативниот ризик за 72%.
Раниот третман се покажува како најуспешна и најкорисна стратегија за заболените од ковид-19, бидејќи го намалува релативниот ризик за 91% (или за 10 пати).
При претпоставка дека ивермектин е неефективен, веројатноста сите 21 студија (ивермектин vs. ковид-19) да резултираат случајно со позитивни резултати се проценува на 1 во 2 милиони (p = 0,00000048). Заклучокот е дека ивермектин навистина е ефикасен лек.
Овие резултати се добиени со примена на статистичка мета анализа на досегашните 21 студија и постојано се ажурираат на овој веб-сајт.
Последната во серијата студии за ивермектин датира од 24 ноември, и само ги потврдува и ги зацврстува резултатите од претходните студии.
Вкупно 180 хоспитализирани пациенти (од лесни до тешки случаи) случајно биле распределени во 6 групи.
60 пациенти третирани БЕЗ ивермектин, поделени во две групи:
120 пациенти третирани СО ивермектин поделени во четири групи:
Од табелата претставена долу (табела 3) се гледа дека ивермектинските групи имаат статистички значително подобрување во следните параметри:
Од табелата претставена долу (табела 4), се гледа дека ризикот од смрт е намален за речиси 6 пати кај пациентите третирани со ивермектин:
Се забележува дека поголемите и повеќекратни дози ивермектин не влијаеле на резултатите. Сепак, треба да се има предвид дека групите биле со релативно мал број пациенти за да се изведе статистички значаен заклучок.