Рубрика: Медицина
И конвалесцентната плазма не спасува човечки животи?!
Автор: Марјан Божиновски
Објавено на 25.11.2020 - 14:30

За жал, се покажува дека и плазмата богата со антитела, земена од пациенти кои прележале ковид-19, не спасува животи. Ова се резултатите од најновата студија објавена вчера во The New England Journal of Medicine. И таа не е единствената што наведува на ваков заклучок (види најдолу).

 

Спроведена е рандомизирана студија со плацебо контролна група за хоспитализирани пациенти со тешка пневмонија (линк: www.nejm.org/doi/full/10.1056/NEJMoa2031304).

Вкупно 333 пациенти биле по случен избор поделени во две групи, во сооднос 2:1 – 228 пациенти третирани со конвалесцентна плазма и 105 третирани со плацебо.

По 30 дена, процентот на смртни случаи во двете групи е следен:

Група со конвалесецентна плазма: 10,96%

Плацебо група: 11,43%

Заклучок на студијата:

Не се забележани значајни разлики во клиничкиот статус или вкупната смртност помеѓу пациентите третирани со конвалесцентна плазма и пациентите кои примиле плацебо.

Мој заклучок:

Џабе се апелира на социјалните мрежи да се дарува конвалесцентна плазма за да се спасат животи бидејќи нема убедливи докази дека спасува. Далеку попаметно е да се апелира до министерот за здравство и лекарската фела да го стават ивермектин во амбулантски и болнички протоколи за лекување и ПОД ИТНО да го набават. Тој докажано спасува животи.

Линк до амбулантскиот протокол.

Линк до болничкиот протокол.

P.S. Пред еден месец беше објавена студија со слични резултати како вчерашната за конвалесцентна плазма. Таа опфатила средно-тешки случаи. Линк до студијата:

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/33093056/

Заклучок: Употребата на конвалесцентната плазма не е поврзана со намалување на прогресијата на ковид-19 кон потешка форма или стапката на смртност од сите причинители.

Клучни зборови: