Рубрика: Информатика
EnGenius претстави две нови надворешни пристапни точки 11ax (Wi-Fi 6) со висок капацитет
Автор: Јулијана Дамјановска
Објавено на 20.11.2020 - 12:30

EnGenius ги најави своите надворешни пристапни точки со висок капацитет Wi-Fi 6 (802.11ax), достапни за целиот свет почнувајќи од октомври годинава. Новите пристапни точки, кои се отпорни на сите надворешни влијанија, ја користат најновата Wi-Fi 6 технологија, која е потребна за поддршка на сè поголемите барања за широкопојасност во надворешни средини со голема посетеност, како што се стадионите, аеродромите, паметните градови и парковите. Платформата Qualcomm® Networking Pro 400 ги напојува надворешните пристапни точки ECW260 и EWS850AP 11ax (Wi-Fi 6).

Поддржани од повеќедецениската експертиза на EnGenius за надворешни безжични мрежи, новите ECW260 и EWS850AP овозможуваат надворешна употреба со врвни функционалности на Wi-Fi 6. Пристапните точки се поставени во кутија отпорна на прав и на вода и целосно способни да издржат лоши временски услови, како што е предолго изложување на сончева светлина, екстремен студ, мраз, снег, пороен дожд и голема влага. Имаат четири антени 5 dBi 360° модул RP-SMA, кои го оптимизираат безжичниот сигнал, примањето и ширината на сигналот до поврзани уреди преку филтрирање на просторот.

Клучните придобивки за надворешните пристапни точки ECW260 AP управувани преку ЕnGenius Cloud се лесното упправување во облак, но и безбедноста. Решението EnGenius Cloud може да управува со неограничен број на пристапни точки, од каде било. Уредите може брзо да се скенираат, да се регистрираат, да се конфигурираат и да се врши следење од далечина, како и да се решаваат проблеми. Преку контролната табла на EnGenius Cloud лесно се проверува стабилноста на мрежата, статусот на менаџираните уреди и вкупните перформанси на мрежата, но и се добиваат детални информации за апликациите и за оперативните системи на клиентите.

Секоја пристапна точка ECW260 AP користи безбеден SSL тунел за да комуницира со EnGenius Cloud, користејќи непоследователни сериски броеви и верификација со MAC адреса за да се осигура дека само авторизирани уреди во облак се поврзани на точките. Исто така, ги користат најновите и најнапредни решенија за безжична безбедност WPA3 и WPA3 Enterprise за да се добие уште посилна енкрипција. EnGenius Cloud нуди MAC филтер, предупредувања за настани и push-известувања за да се одвратат и да се спречат напади на мрежата и да се оневозможат други закани по безбедноста.

EWS850AP e EnGenius надворешна пристапна точка управувана преку EnSky, која може да се управува како посебна пристапна точка или со софтверот ezMaster за управување со мрежи. Софтверот ЕzMaster controller е бесплатен и може да се користи на Virtual Machine со капацитет за управување на 5 000 уреди и исто како Amazon Machine Image со капацитет за управување до 10 000 уреди!

Главните придобивки на двете пристапни точки се следните:

  • Отпорност на временски услови. Поддржани од повеќедецениската експертиза на EnGenius за надворешни безжични мрежи, редизајнираниот хардвер на новите ECW260 и EWS850AP има IP67 стандард, што значи дека е отпорен на прав и на вода и може да издржи сурови надворешни временски услови.
  • Супериорна конективност. До два стрима на ширина од 5 GHz и 2,4 GHz, двете пристапни точки се опремени со технологија MU-MIMO и OFDMA за симултано управување и пренос на податоци помеѓу пристапните точки и клиентските уреди.
  • Моќно процесирање. Динамично процесирање на податоци и управување за поголем пренос на податоци за најмногу до 25% со 1024QAM и проширување на можностите за конектирање.
  • Напредно управување со податоци. Полесен пренос низ надворешни средини со многу подобро управување на податоците и поголема безжична покриеност, преку подолги OFDM сигнали и намалено попречување на каналите преку BSS, помала латенција и подобрени сигнали на пренос.
  • Безбедност. Пристапните точки се опремени со WPA3 и поддржуваат поголема енкрипција на чувствителните податоци за стотици симултано конектирани уреди.
  • Моќна покривност. 2.5 GigE PoE компатибилна порта за полесно поставување каде што нема доволно приклучоци за струја. Исто така имаат и четири антени од 360° кои може да се отстранат, а служат за зајакнување на сигналот и им овозможуваат на корисниците да ги заменат за поголеми, подобри антени. Кога се врши поделба на просторот, пристапните точки користат моќни предаватели за да го продолжат растојанието помеѓу нив и другите пристапни точки.
  • Неспоредлива цена. Пристапните точки како сите EnGenius Cloud и EnGenius EnSky и приклучоците не се лиценцираат и не побаруваат годишна претплата за користење, па затоа се најисплатливи за примена.

ECW260 и EWS850AP нудат оптимални перформанси преку помоќни и поефикасни безжични конекции. И двете пристапни точки се достапни за целиот свет, почнувајќи од октомври 2020 година.За повеќе информации посетете ги страниците:
ECW260: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/indoor-access-points/ecw260/
EWS850AP: https://www.engeniusnetworks.eu/products/wireless/outdoor-access-points/ews850ap/


За EnGenius

EnGenius е интернационален производител на иновативни мрежни решенија и се наоѓа на листата на Тајванската берза. Компанијата е основана во 2006 година и е подружница во целосна сопственост на Senao Networks Inc. Денес има повеќе подружници на речиси секој континент. EnGenius нуди хардверски и софтверски производи како пристапни точки и мрежни рутери, Етернет приклучоци, надворешни и внатрешни пристапни точки. Б2Б решенијата се користат во целиот свет, во разни стоковни куќи, кафулиња, аеродроми, хотели, болници, сали за настани, одморалишта, музеи и секакви други локации.

Решенијата на брендот EnGenius се достапни во КАБТЕЛ, 02 / 3103 230, дистрибутер на EnGenius за Македонија.

 

--- промотивен напис ---

Клучни зборови: