Познатиот астрофизичар, директор на Њујоршкиот планетариум Хејден, водител на новиот серијал “Космос”, но и на популарната научна контактна радиоемисија “Ѕвездени разговори”, во видеото подолу објаснува неколку научни принципи коишто се неодржливи при моделот за рамна Земја
Појавата на сè повеќе приврзаници на овој модел, којшто се заснова исклучиво на слепа верба и квази-наука, тој правилно ја припишува најмногу на пропустите од образовниот систем, а ние би додале и на агресивната онлајн пропаганда на овие луѓе, "оперирани" од логика. Можеби токму затоа видеото е дел од онлајн платформата Брилијант (Brillinant), за стекнување научни вештини и негување на емпирискиот модел на размислување, со наука заснована на докази.
Видеото дава прекрасна илустрација на целиот процес на тотално затемнување на Месечината, но и на низа други, секојдневни практични набљудувања што одат во прилог на научните сознанија за Земјата.
Но, да не должиме повеќе... Уживајте во видеото.
П. С. * За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.