Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов – 5/6 октомври
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 05.10.2020 - 22:30

Во овој времеплов ги славиме родендените на Роберт Годард, таткото на вселенското доба, Пејтон Роус, американскиот виролог и нобеловец и Џорџ Вестингхаус помладиот, американски претприемач и иноватор. Покрај ова го одбележуваме откритието на првата егзопланета откриена во орбита на планета налик на нашето Сонце и го славиме делото на Сејмур Креј, таткото на суперкомпјутерите.

5.10.1882 – Роден е Роберт Годард

Роберт Хачингс Годард (Robert Hutchings Goddard) е американски физичар и пионер од областа на ракетарството. Во 1926 година тој ја конструирал и лансирал првата ракета погонувана со течно ракетно гориво. Годард и неговиот тим продолжиле да ги унапредуваат дизајнот на ракетите во наредните години, лансирајќи вкупно 34 ракети во период од 15 години. Неговите ракети достигнале висина од најмногу 2,6 километри и најголема брзина 885 km/h. Годард патентирал неколку уреди за контрола на летот на ракетите вклучувајќи жироскопи и управувачки потисок.

Иако честопати бил изложен на потсмев поради неговите идеи и теории за време на неговиот живот, неговите достигнувања ќе му го донесат прекарот Татко на модерното ракетарство и на Вселенското доба. (Н. С.)

 

5.10.1879 – Роден е Пејтон Роус

Френсис Пејтон Роус (Francis Peyton Rous) е американски лекар виролог, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1966 година. Наградата му е доделена за откритието на улогата на вирусите при преносот на одредени типови канцер. (Н. С.)

 

5.10.1996 – Пионерот во конструирањето суперкомпјутери Сејмур Креј погина во автомобилска несреќа

Таткото на суперкомпјутерот, Сејмур Креј, починал поради повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случи две недели порано. Креј е роден на 28 септември 1925 година во Чипева Фолс, Висконсин. Креј со неколку други ја основаше фирмата Control Data Corp., која ги изгради суперкомпјутерите CDC 1604 и CDC 6600. Вториот беше најмоќниот компјутер во своето време, трипати помоќен од STRETCH на IBM. Во 1972 година Креј ја основа компанијата Креј Рисрч и изгради суперкомпјутери со цилиндричен дизајн со цел е да се намали должината на внатрешните жици. Суперкомпјутерите Cray се користат првенствено за обработка на податоци од научни истражувања и компјутерска графика. (И. З.)

 

6.10.1995 – Откриена првата егзопланета во орбита на ѕвезда од истиот вид како нашето Сонце

Ѕвездата Пегаз 51 е ѕвезда од истиот тип како и нашето Сонце, оддалечена 50 светлински години од нас и сместена во соѕвездието Пегаз. Во 1995 година во нејзината орбита беше откриена планета – прва егзопланета детектирана во орбитата на ѕвезда како нашето Сонце.

Планетата официјално беше означена како 51 Пегаз б, а неофицијално беше наречена Белерофон. Поради тоа што нејзината орбиталната патека е особено блиску до матичната ѕвезда, се проценува нека температурата на површината од 51 Пегаз б достигнува околу 1200ºC. Се проценува дека масата на планетата е приближно иста со масата на Јупитер. Планетата беше откриена од страна на швајцарските астрономи Микаел Мајор и Дидие Кело. За ова свое откритие во 2019 година ќе им биде врачена Нобеловата награда за физика. Парот ја дели наградата заедно со Џим Пиблс кој беше номиниран “за неговите  теоретски откритија во физичката космологија”. (Н. С.)

 

6.10. 1846 – Роден е Џорџ Вестингаус помладиот

Џорџ Вестинхаус помладиот (George Westinghouse Jr.) е американски пронаоѓач и претприемник, познат по неговата конфронтација со Томас Едисон во врска со начинот на којшто треба да се развива електродистрибутивниот систем во САД. Вестингхаус веќе имал искуство во дистрибуцијата на гас и телефонски услуги. Тој верувал дека неговото искуство може да се примени и при претстојната дистрибуција на електрична енергија. Вестингхаус го поддржал Никола Тесла и наизменичната струја како најпогодна за пренос на големи далечини со значително помали губитоци споредено со дистрибутивниот систем на Едисон кој работел со еднонасочна струја и трпел големи губитоци во преносот на електричната енергија.

Вестингхаус е познат и како пронаоѓач на воздушната сопирачка за возови. Неговиот пронајдок овозможил симултано активирање на сопирачките во секој од вагоните на композицијата одеднаш. Неговиот пронајдок е основата на сопирачкиот систем кај денешните современи возови и камиони. (Н. С.)

Клучни зборови:
Роберт Хачингс Годард – американски физичар и пионер од областа на ракетарството

Роберт Хачингс Годард – американски физичар и пионер од областа на ракетарството

Роберт Годард, таткото на Вселенското доба

Роберт Годард, таткото на Вселенското доба

Роберт Годард

Роберт Годард

Френсис Пејтон Роус – американски лекар виролог

Френсис Пејтон Роус – американски лекар виролог

Пионерот во конструирањето суперкомпјутери Сејмур Креј

Пионерот во конструирањето суперкомпјутери Сејмур Креј 

Сејмур Креј

Сејмур Креј 

Семјуел Креј и еден од неговите суперкомпјутери со цилиндричен дизајн

Семјуел Креј и еден од неговите суперкомпјутери со цилиндричен дизајн

Ѕвездата Пегаз 51 видена низ окото на ESO

Ѕвездата Пегаз 51 видена низ окото на ESO

Егзопланетата Пегаз 51б, уметничка визија

Егзопланетата Пегаз 51б, уметничка визија

Џорџ Вестингхаус помладиот

Џорџ Вестингхаус помладиот

Џорџ Вестингхаус помладиот

Џорџ Вестингхаус помладиот